1)Редовна контрола во советувалиште за трудници

2) Одредување на времетраењето на бременоста и терминот за породување- Бременоста се рачуна од првиот ден на последната менструација, а не од денот на зачнувањето. Причината за тоа е што многу мал процент на жени (10-15% на жени) има совршен циклус, на секои 28 дена, па затоа не може да се одреди точниот ден кога дошло до оплодување.

3)Уреден, мирен и ведар живот

4) Подготвување на идниот татко за татковството. Фетусот може да ги слушне и запамти зборовите изговорени со вообичаен, неповишен глас, во тек на последните неколку недели пред раѓањето. Бидејќи Вашето дете и онака слуша, зборувајте му, читајте му приказни, пуштајте му музика, нежно допирајте го стомакот и на тој начин покажете му колку го сакате. Таткото и останатите деца можат да се приклучат така што ќе зборуваат со вообичаен глас седејќи покрај мајката. Запишувајте ја музиката која што сте ја пуштале, приказните кои сте ги читале и гласовите кои фетусот ги слуша и со тоа пратете дали се смирува бебето и дали реагира весело кога покасно (по раѓањето) ќе ги слушне истите тие звуци.

5) Храна- јадете умерено, разновидно и избалансирано: бело месо, риба, млеко, млечни производи, јајца, овошје и зеленчук.

6) Пиење- земајте доволни количини течности дневно (околу 2л).

7) Нега и преглед на забите во текот на бременоста подразбира редовно одржување на хигиената. На почетокот на бременоста посетете го Вашиот стоматолог поради контрола за поздрава уста и заби и договорете се за редовни контроли во текот на бременоста. Бременоста не е препрека за да се поправат или извадат заби ако е тоа потребно.

8) Хигиената на телото се одржува со секојдневно капење, најдобро е туширање, посебно во последните 6 недели од бременоста. Користете млака вода и неутрален сапун.

9) Нега на брадавиците и дојките.

10) Сон,спијте најмалку 7 часа во текот на ноќта и одмарајте попладне.

11) Одмор, често одмарајте со подигнати нозе.

12) Гардеробата која ја носите треба да е само од природни материјали, комфорна и удобна. Долната облека треба да биде од памучен материјал, секојдневно да се менува, пере и одржува. Се препорачува носење на памучен градник кој како и останатата облека не смее да стега и да биде неудобен за носење.

13) Појас за трудници, се носи по потреба.

14) Чевлите кои ги носите треба да се со ниска и широка потпетица како би се обезбедило правилно држење, би се намалил заморот и ризикот од паѓање. Во зима носете топли чевли со гумен ѓон.

15) Работата и работењето во куќата се нормални активности во некомплицирана бременост.

16) Физичката активност и занимавањето со спорт треба да биде умерено. Се препорачува редовно пешачење.

17) Патувањата не се невозможни во бременоста, но е неопходно да се води сметка за должината на патот, редовни паузи и одмори.

18) Сончањето треба да биде постепено претпладне и касно попладне.

19) Сексуални односи- ако е уредна бременоста до терминот.

20) Посетување на часови за родителство