Со соодветен распоред на одмор и движење, како и со разноврсна исхрана се одржува создавањето и лачењето на млекото.

Мајката која дои треба почесто да се одмара во текот на денот. Се што внесува како храна, јаде или пие, преминува во одредена мерка и во млекото. Потребата за енергија кај жената која дои е поголема од потребита во бременоста.

Храната која доилката ја зима треба да ги содржи сите хранливи состојки (енергетски, градивни и заштитни), за да овозможи создавање, како и нормално функционирање на организмот на мајката. Затоа исхраната на доилката треба да биде разноврсна, а квалитетот на намирниците најдобар.

Исхраната во периодот на доење мора да се прилагоди на нутритивниот статус (постоечки енергетски резерви) и на планот на активноста на мајката. За мајките кои дојат, а во текот на бременоста не добиле доволно во телесната маса, енергетското внесување мора да биде поголемо.

Едно од поголемите откритиа во педијатријата, врзано за употреба на ултразвукот, покажа дека бебето кое гледа уште од раѓање, слуша уште додека е во мајчиниот стомак, на свет доаѓа со веќе оформено сетило за вкус и мирис. Тоа веќе од 4-5 ден од животот го распознава мирисот на млекото од својата мајка. На мајките кои дојат им се советува да избегнуваат намирници кои имаат јак мирис (карфиол, зелка, целер) и зачинети јадења (бибер, пиперка). На некои деца тоа им пречи, додека некои не реагираат на оваа храна.

Доколку мајката примети дека на детето му пречат одредени намирници, нека ги избегнува додека трае доењето.   

ЧАЈ КОЈ ГО СТИМУЛИРА ИЗЛАЧУВАЊЕТО НА МЛЕКОТО
Во еден литар зовриена вода се става 100г семе од аниса или комораеа. Се остава да одстои 10 минути и потоа треба да се процеди. Се пие повеќе пати во текот на денот. Во продажба - инстант чај за доилки.

ЛИМУНАДА СО МЕД "МЕДОНАДА"
Две супени лажици мед се ставаат во подлабок сад, се додава свежо процеден сок од лимун, потребно е добро да се промеша за да се раствори медот и да се добие млечно жолта маса. Потоа се додава 1л вода и постојано се меша за медот добро да се раствори. Оваа лимунада лесно ја гаси жедта, а многуте витамини и органската киселина, минералите и лесно сварливите шеќери од медот, ја прават лимунадата биолошки корисна за вашето здравје.

ПИЈАЛОК ОД ПРАСКА
1 поголема зрела праска
1 лимун-сок
1 лажица багремов мед
Праската треба да се излупи, изгмечете ја со вилушка, додадете го сокот од лимун и медот и измиксајте го во блендер.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство.