Се препорачува првата посета на лекар да ја направите додека сеуште планирате бебе.

Иако, повеќето жени на прв преглед одат кога ќе се посомневаат во бременост.

Во текот на бременоста потребно е да направите 9 прегледи : два во првото тромесечие, три во второто и четири во третото тромесечие.

На првиот преглед се :

-        потврдува бременоста

-        одредува до каде е бременоста и терминот за породување

-        отвара и пополнува листа и картон за контрола на бременоста и мајчина книшка

-        се земаат лични податоци и гинеколошко (акушерски) податоци

-        се мери крвен притисок и телесна тежина

-        се врши преглед на штитната жлезда

-        се прави преглед на нозете во случај на отоци и проширени вени

-        се врши гинеколошки преглед

-        по потреба се прави : колпоскопски преглед, папаниколау тест, вагинален секрет на степен на чистота, цервикален брис, лабораториски преглед : број на еритроцити, хемоглобин, шеќер во крвта, урина, крвна група и RH фактор

-        се препорачува преглед на HIV и други инфекции

-        кај трудници со ризик се препорачуваат и други прегледи

-        се даваат совети во врска со : исхрантата, физичките активности, хигиената, ризично однесување, здрав начин на живот, работа

-        се врши проценка на работните способности

-        се врши ултразвучен преглед

На прегледите во второто тромесечие се:

-        прати напредувањето на бременоста и можна појава на ризик фактори

-        се одредува до каде е бременоста и се земаат податоци за општата состојба на здравјето и за текот на бременоста

-        се мери : крвниот притисок и телесната маса

-        се прави преглед на нозете во случај на отоци и проширени вени

-        се врши гинеколошки преглед

-        се врши лабораториски преглед : крв и урина

-        се контролира титарот на антитела и RH инкомпатибилноста ( непоклопување на RH факоторот на мајката и таткото)

-        се даваат совети за хигиенско диететскиот режим во бременоста

-        се врши проценка на работните способности

-        се препорачува уклучување на психофизички припреми за породувањето

-        се врши ултразвучен преглед

На прегледите во третото тромесечие:

-        се следи развојот на вашата бременост и можната појава на ризик фактори

-        се одредува староста на бременоста и се земаат податоци за општата здравствена состојба и за текот на бременоста

-        се мери крвен притисок, телесна тежина

-        се врши преглед на нозетево случај на отоци и проширени вени

-        се врши надворешен акушерски преглед

-        се слушаат срцевите тонови на плодот

-        се прави лабораториски преглед: број на еритроцити, хемоглобин, шеќер, урина

-        се контролира размерот на антитела кај RH некомпатибилните (не совпаѓање на RH факторот на мајката и таткото)

-        се даваат совети за хигиенско- диететскиот режим во бременоста

-        се запознава со законите и правилата во врска со мајчинството( трудничко боледување, социјална заштита на невработените трудници, заштита после породувањето)

-        се врши ултразвучен преглед

На прегледите од 36 недела:

-        се следи напредувањето на бременоста и можната појава на ризик фактори

-        се контролира општата состојба на вашето здравје и текот на бременоста

-        се мери крвен притисок, телесна тежина

-        се врши преглед на нозете во случај на проширени вени и отоци

-        се прегледуваат дојките и брадавиците за почеток на доењето

-        се врши гинеколошки преглед(внатрешен и надворешен)

-        се зема цервикален брис( брис од грлото на матката) за бактериолошка анализа

-        се мери карлицата и се проценуваат диспропорциите

-        се слушаат срцевите тонови  на плодот

-        се прави лабораториски преглед:хемоглобин, шекер, урина

-        се контролира размерот на антитела кај RH некомпатибилните (не совпаѓање на RH факторот кај мајката и таткото)

-        се даваат совети за хигиенско диететскиот режим во бременоста, начин на однесување за време на породувањето и после тоа

-        се запознава со знаците за почеток на породувањето

-        се објаснува неопходноста од вршење на преглед пред самото породување и и значењето на додатниот преглед за работа на срцето на бебето со кардиограф

-        се подготвува упат за во породувалиште со додатни резултати од; крвна група и RH фактор, крвна слика, резулатат од HIV, цервикален брис, ултразвучен преглед, решение за породилно боледување, листа на контроли извршени во бременоста

-        се добиваат совети и се договара за контролен преглед 6 недели после породувањето.

Ултразвучни прегледи

Кај не комплицирана бременост неопходно е да се направат 4 ултразвучни прегледи:

-        до 8 недела од бременоста( кога се утврдува бременост)

-        од 11 до 14 недела

-        од 18 до 22 недела

-        од 30 до 34 недела

Доколку е потребно, вашиот доктор ќе ве упати на дополнителни ултразвучни прегледи.