После долгото исчекување дојде моментот да се сретнете со вашето бебе. Ако сте ја посетувале школата за родители,  или пак на некој друг начин сте информирани за породувањето, тогаш за вас нема да има непознати нешта.

Благовремено подгответе ја торбата која ќе ја носите со себе во породувалиштето. Задолжително спакувајте: прибор за лична хигиена, пластична чаша, мрежести гаќи( се купуваат во аптека), две паковања мрежести влошки, спаваќа, пластични влечки за туширање, крпи.

Во истата торба ставете ја и потребната документација: лична карта, здравствена книшка, упат, анализи од крв, копрокултура.

Знаци на кои ќе одите во породилиште:

  1. појава на ритмични и се појаќи контракци
  2. излегување на слузникав крвав чеп
  3. укање на водењакот

Породувањето го делиме во 4 фази:

  1. Прва породилна фаза се нарекува  фазата на ширење и просечно трае 8 до 12 часа. Таа фаза започнува со контракции на 10 минути и почесто, каде доаѓа до скратување и ширење на грлото на матката. Дилатацијата- ширењето, завршува кога грлото е проширено за околу 10сантиметри.
  2. Втора породилна фаза, фаза на истиснување на плодот од матката во породилниот канал, трае од 30 мин. до 2 часа. Во оваа фаза се чувствуваат напони кои што го потиснуваат плодот. Ако е потребно во оваа фаза се прави проширување на мекиот породилен пат- епизиотомија, таа не е болна, бидејќи се прави при најголемите напони.
  3. Трета породилна фаза, трае 15 минути, претставува одлепување и исфрлање на плацентата.
  4. Четврта породилна фаза- фаза на обсервација.

Бебето после раѓањето добива оценка. Таа оценка е збирна и е добиена од анализа на 5 параметри, Apgar тест.

Со овој тест се проценуваат: дишењето, работата на срцето, бојата на кожата, тонусот на мускулите, рефлексната активност на бебето.

Ваше право е да изберете породувалиште во кое сакате да се породите.

Ако таткото сака да присуствува на породувањето, распрашајте се кои породувалишта тоа го овозможуваат.

Bebi frendli програмата ви овозможува вашето бебе да биде со вас од самото раѓање.