Сте се наслушале на приказни дека жените светат во бременоста.

Постојат многу убави нус појави на бременоста, но постојат и неколку нус појави за кои е малку да се рече дека се непријатни.

 

Инвестирајте во дневни влошки. Поради зголемено ниво на хормоните, доаѓа до обилен вагинален исцедок, како и често мокрење. Безопасно, но неуредно доживување. Ако има интензивен мирис или боја, тогаш посетете го лекарот, зашто може да се работи за инфекција.

 

Гасовите напаѓаат. Зголемена надуеност може да биде недостојна за една дама. Но, во бременоста ова е неизбежно искуство. И тоа само благодарејќи на метежот во стомакот со оглед дека бебето расте.

 

Кожата ја менува бојата. Темна линија која се појавува на стомакот е резултат на зголемено ниво на естроген. Од истите причини на некои жени им потемнуваат  брадавиците.

 

Запек. Запекот во бременоста е сосема вообичаена појава. Системот за варење е забавен за да се овозможи доток на хранливи состојки кои се потребни за развој бебето.

 

Капка по капка. Капењето на урината е една од најнезгодните појави додека телото се подготвува за породување. Испуштањето на урината е знак дека карлицата се опушта.

 

Враќање во пубертет. Хормоните го прават своето. Некои среќници во текот на бременоста имаат блескава и сјајна кожа, додека други може да имаат период на акни, дамки и црвенила на кожата.