По дефиниција на Американската Академија за алергија, астма и имунологија, алергија е „стекнат потенцијал„ за развој на алергиски реакции.

Алергиите настануаат кога организмот реагира на безопасните материи од околината како на напаѓачи. Антителата кои се вклучени во алергиските случувања најчесто се „имуноглобулини Е„ (IGE). IGE антителата се врзуваат за рецепторите, посебни одбрамбени, материи кои содржат хистамин. Кога IGE ќе се врзат за мастоцитот тој испушта хистамин во околината т.е. се обидува да предупреди за „непријателот„ кој го нападнал. Тоа доведува до ширење на околните капилари и појава на симптомите. Тогаш може да приметиме реакција на организмот во облик на чешање, солзење на очите, кивање, кашлање, зарипнатост, осип, пролив, повраќање и во посериозни случаи оток кој го отежнува дишењето. Всушност имунолошкиот систем се бори против несаканите материи со создавање на антитела.

Зачестеноста на алергиите двојно се има зголемено во последните 20 години и од нив страда отприлика секое петто лице.

Деца и пролетни алергии

Материите кои ги предизвикуваат алергиите се викаат алергени и се поделени во неколку поголеми групи во однос на начинот на кој нашиот организам доаѓа во допир со нив.

  • Контактни алергени (хемикалии, козметика, накит...)
  • Нутритивни алергени - храна ( ореви, кикирики, чоколада, јајца, риба, млеко, конзерванси и адитиви во храната...)
  • Респираторни алергени - од внатрешната средина, куќа како што е прашина и грини, влакна од домашни миленици или од надворешната средина, како што е полен од дрвата, трева и слично
  • Децата може да бидат осетливи и на лекови, убод од инсекти, некои физички провокации (топло, ладно, сончево зрачење...)

 Инхалациони алергени - симптоми

Ситните честички кои се пренесуваат од дрвата, тревата - поленот се најчест „предизвикувач„ за пролетни алергии. Кога честичките од поленот ќе стигнат до носот на некој кој е алергичен, имунитиот систем, тоа го препознава како напад на организмот. Поради тоа се создаваат антитела кои ги напаѓаат алергените, што доветува до ослободување на хистамин во крвта, кој е иницијатор на алергиските реакции како што е течење на носот, чешање на очите и други симптоми. Кога преосетливо дете ќе дојде во контакт со алерген во рок од неколку минути, неколку саати или денови ќе бидат присутни симптомите на алергијата. Во случај на респираторни алергии од полен, честичките од поленот допираат до кожата, слузницата на очите, носот, белите дробови и ги предизвикуваат следните симптоми:

  • Koжа-црвенило, оток, чешање и осип
  • Очи-црвенило, солзење, чешање
  • Нос-кивање, затнатост, обилна течна секреција, чешање
  • Грло-чувство на слевање на секрет, чувство на гребење, и чешање
  • Бели дробови-сува кашлица, отежнато дишење, гушење

Сите наведени симптоми можат да бидат во поблаг но и во потежок облик, дури и драматичен кога го загрозуваат животот (во случај на гушење, шок и слично).

Најкритичен период за детето е од 4 до 6 години, а најголеми проблеми се јавуваат во почетокот на пролетта и појавата на полен во воздухот. Кај децата алергијата најчесто се манифестира со потешкотии на органите за дишење, најчесто алергиска кивавица. Симптоми се упорно кивање, зголемена секреција од носот, чешање на носот, хрчење ноќе и намалено чувство за мирис. Често се јавува и чешање на очите и зголемено солзење, може да се појави и чешање на грлото и проблеми со слухот.

Освен тоа симптомите на алергија може да предизвикаат и напад на астма па затоа пролетните алергии треба озбилно да ги сватиме и да се консултираме со лекар, кој ќе ни препорача соодветен начин на лекување и лекови (инхалаторни и антихистамини).

Најчести предизвикувачи на пролетните алергии

    Главни предизвикувачи на пролетните алергии се полените од растенијата кои се размножуваат со помош на ветерот (сите полени немаат ист потенцијал за предизвикување на алергии).

Изразени алергени се полените од бреза, а посебно јаки се полените од леска, јасен, липа, костен итн.

Потешкотиите зависат од...

-   времето на цветање на растенијата

-   временските прилики во текот на цветање-температура, влажност, ветар

-   количината на полен во воздухот која може значително да варира

Лечење

Првото правило гласи - да се избегнува контакт со полените колку е можно, а лечењето зависи од од симптомите на алергија. Најдобро е да се консултирате со вашиот педијатар.

Мерки за заштита

Превентивата се состои во тоа, да ако веќе знаете дека вашето дете има ваков проблем влијаете на неговото движење во критичното време од годината кога овие потешкотии се појавуваат. Не мора тоа да биде само во пролет, може да биде и во лето и во есен во зависност од видот на полен кој ја предизвикува алергијата. Значи дејствувајте превентивно, така што посебно во попладневните саати кога поленизацијата е најголема ги затворите прозорците, а важно е детето да не излегува надвор. Потребно е од куќата да ги одстраните предметите кои ја задржуваат прашината, да се чисти почесто детската соба. Од посебна важност е детето да не биде изложено на чад од цигари и јаки мириси бидејќи овие фактори штетно делуваат на слузокожата и го забрзуваат дејството на присутните алергени. Добро е да се вклучува клима која има јонизатор.

Ако алергиската кивавица  не се препознае навреме може да доведе до сериозни заболувања како што е воспаление на синусите и на средното уво. На овие потешки заболувања треба да се посомнева доколку по спроведената терапија нема подобрување. Во тој случај неопходно е да се направат алергиски испитувања, па доколку се позитивни се дава алергиска терапија која е потребна за лекување. Кај децата како алергиски болести, покрај тегоби во дишењето, може да се појават и други болести како што е егзем и црвенило.

И покрај сето наведено, пролетта ни носи многу радост, сонце, зеленило и цвеќе, добро расположение и уште да можеме да ги избегнеме сите овие мали непријатности на среќата ќе и нема крај.