Првата насмевка кај бебињата е огромна радост за секоја нов родител, а едно од првите достигнувања на вашето бебе е неговата прва емотивна насмевка!

Прва насмевка

Можете ли да верувате дека бебињата прв пат се насмевнуваат уште во стомакот, пред да се родат? Тоа може да се докаже со помош на ултразвук и да се следат 

Емоционална насмевка


По месец дена бебето може да почне да одговара на стимулациите на околината. Откако ќе поминат шест до десет 

Предизвикајте насмевка кај бебенедели, можете да очекувате бебешка насмевка како одговор на нешто што сте направиле. Во оваа фаза, бебешката насмевка може да се појави како резултат на некој аудио стимуланс, како што е слушањето на вашиот глас додека му пеете, читате, зборувате.


Во периодот од два до три месеци кај бебето можете да очекувате бебето да се насмевнува кога ќе го види вашиот лик, без неопходно да го слушне вашиот глас, а можете да очекувате и да остварите контакт со очите со вашето бебе. За да го поттикнете бебето да се смее, можете да се обидете со следново:

- Смеејте му се на бебето што почесто

- Правете смешни гримаси

- Пејте смешни песнички

- Воспоставете контакт со очите со бебето. Помеѓу шест и осум недели старост на бебето, тоа би требало да ја има развиено способноста да остварува контакт со очите. Ова е одличен период да го комбинирате овој контакт додека се обидувате да го потикнете бебето да се насмее. Доколку бебето не остварило контакт со очите со вас на старост од околу три месеци, можеби би требало да проверите со педијатарот да не случајно станува збор за некаков проблем со видот.

Периодите во кои го потикнувате вашето бебе да се смее, треба да се кратки

Имајте на ум дека во овој период лесно можете да го стимулирате бебето, па затоа периодите во кои го потикнувате да се смее нека бидат кратки за да не претерате со стимулацијата. Ако бебето почне да го гледа окружувањето и престане да одговара на вашите насмевки, пуштете го да се одмори.

Соработка со: Bebe Boom