Имитирајте ги звуците на вашето бебе, бидејќи набрзо по гугањето и првите зборови, бебињата почнуваат да брборат и да повторуваат различни зборови, кои искрено звучат како посебен бебешки јазик. Кога говорот на бебето ќе наиде на одобрување од родителите, тие се повеќе и почесто ќе зборуваат. Кога зборувате со своето дете, употребувајте едноставни зборови, но со текот на времето вклучувајте и по некој сложен збор, бидејќи што повеќе зборови слуша вашето бебе, толку ќе биде позборливо. Детските песнички се исто така добар начин за вашето дете да научи нови зборови, велат педијатрите.

Логопедите предупредуваат на тоа дека децата кои сеуште не го совладале мајчиниот јазик не треба да гледаат цртани филмови на некој друг јазик.

Тоа дополнително ги збунува. Доколку вашето дете не е многу зборливо, најдобар начин да го поттикнете да зборува што е можно повеќњ е секако низ игра. Играјте со него “На буква, на буква” или игри во кои секој треба да наброи што е можно повеќе предмети.

Повторувањето на имињата на предметите води кон подобрување на детскиот речник. Доколку детето неправилно изговара одреден збор, повторете му ги правилно, но со насмевка, и на тоја начин, детето нема да почувствува дека го поправате.Постојаното исправање врши непотребен притисок врз детето, па најдобро е ако се фокусирате на исправување на еден или два збора истовремено.

Околу првата година децата ги разбираат едноставните наредби како што се “еве”, “дај”, “донеси”, “одиме” и таквите наредби треба што повеќе да се даваат. Доколку детето не разбира некои од нив, тогаш родителите би требало да им го покажат тоа повторно или заедно да го прават неколку пати.

Од особена важност е гестот да се развива заедно со говорот. Кога ги користите знаците заедно со тоа што го зборувате, ќе откриете точно што вашето дете разбира. На две години детето би требало да има речник од околу 300 зборови. Соработка со: Bebe Boom