Моментот кога детето ќе се исправи и за прв пат ќе прооди е во суштина комбинација од повеќемесечни обиди и грешки, како и доказ дека бебето конечно ги усвоило најкомпликуваните движења кои човечкото тело е способно да ги изведе – исправено одење.
За бебето да оди, главата и телото треба да ја вкучат и ускладат работа на голем број на мускули, од стомакот и рацете до вратот и главата. Потребно е притоа да се одржува рамнотежа и способност и знаење како да се стои на една нога додека другата оди напред.
Почитувајте го темпото
Родителите не секогаш се свесни дека е потребно време за целиот тој процес да се случи и забораваат дека детето само го одредува своето темпо на проодување. Иако родителите сакаат нивните деца да проодат што побрзо, тоа не се случува секогаш кога тие сметаат дека е време. Овој притисок најчесто доаѓа од околината во која се случува врсниците на вашето бебе веќе одамна да имаат проодено, но треба да знаете дека моментот кога вашето бебе ќе прооди не е никаков знак за детската интелигенција ниту пак е во прашање вашата способност како родители.
Детето ќе прооди кога ќе биде подготвено за тоа. Најчесто ги прави првите чекори околу 12-от односно 14-от месец од животот на бебето. Меѓутоа, можно е вашето бебе да прооди и на 9 или дури на 18 месеци.
Поттикнување
Дури кога нервниот систем, коските, мускулите и зглобовите се доволно зрели, детето ќе се одлучи за првите чекори.
Тоа понекогаш се случува како подигнување од повеќемесечното лазење, а пак некои деца знаат да ја скокнат фазата на лазење, па од седечка положба, веднаш преминуваат на одење.
Без разлика дали ќе го поттикнете 12-месечно бебе да престане да ползи и да почне да оди или ќе го спуштате 8-месечно дете од стоечка во положба за ползење бидејќи се плашите да ги пуштите децата толку рано да проодат, единствениот можен совет кој може да се даде на родителите е всушност многу едноставен.
Создадете поттикнувака атмосфера за детето во која тоа ќе има сигурност и дома да се впушти и да ја покаже својата вештина на одење.
Подготвеност
Во тоа клучна е иницијативата на самото дете. Помеѓу осмиот и десетиот месец децата се толку желни за нови сознанија и вештини што ги прави способни да може да се придржуваат за мебелот кој им служи за подигнување во исправена положба. Тогаш не треба да го терате детето да оди без придржување, бидејќи ‘цврст придржувач’ е нормален дел од оваа фаза.
Стимулирањето е секако добродојдено.На пример, ставете ја омилената играчка на детето на столицата која е еден метар одалечена од детето или викнете го накај себе и при тоа изведувајте интересни звуци. Во оваа фаза внимавајте на детската сигурност. Бидете блиску до детето и тргнете ги тешките работи од столицата, масата или завесите низ кои детето би можело да се сопне.
Соработка со: Bebe Boom