Тоа е акутна, заразна болест кај децата, адолесцентите и младите луѓе. Ја нарекуваат и болест на бакнежите, затоа што може да се пренеси со бакнеж, допир, со капење и тоа секогаш од човек на човек. Причинител е Епштајн-Баровиот вирус.

Во сиромашни средини почеста е инфекцијата кај мали деца која може да помине и незапазено, без карактеристичните симптоми. Оваа болест не е така заразна, но вирусот може да остане долго во телото во еден вид на лимфоцит (бели крвни зрнца) и да се излачува со плунката. Тој се разможува во ќелиите на усната шуплина, а покасно може да се пренеси преку крвта во лимфниот систем до џигерот, слезината и лимфните чворови, каде се размножува и ги зголемува овие органи.

Инкубацијата може да трае од 30 до 50 дена. Болеста започнува со омалаксаност, зголемена температура, која може да биди знатно висока, и болки во грлото. Многу брзо можи да се заприметат карактеристичните знаци на мононуклеозата: зголемени лимфни жлезди, зголемен џигер, и слезина. На вратот зголемените жлезди може да формираат пакети, но не сраснуваат, цврсти се, не се многу болни и кожата над нив е со нормална боја. Зголемените лимфни жлезди на стомакот ги даваат страничните ефекти кај патиштата за дишење. Зголемени можи да бидат и лимфните жлездите на препоните, пазуви кои се најосетливи на допир.

Во грлото се наоѓаат валкани слоеви по крајниците, со интензивно непријатен мирис. По кожата можат да се јават неспецифични осипи..

Лекарот при прегледот утврдува зголемување на црниот дроб и слезината, кое не мора да е секогаш изразено.

Во мал број случаи покрај сите овие знаци може да е присутна кашлица, воспаление на носот, грлото и осип.

Болеста трае околу 10 дена. Тогаш престанува температурата, воспалението на грлото, осипот, но зголемувањето на црниот дроб и слезината може да трае неколку недели, па и месеци. Болеста во просек трае околу 6 недели и поминува сама.

Класична слика за болеста, искусен лекар веднаш ке ја постави правата дијагноза, но во помалку типични случаи може да се помогни со лабораториска дијагностика. Се јавуваат промени на крвната слика со зголемување на бројот на леукоцити и карактеристичните лимфоцити. Тестовите за трансаминазите на црниот дроб покажуваат покачени вредности. Важен е Paul- Bunelov тест од крвта на болниот, кога се докажува присуство на антитела, на крајот на првата недела од болеста.

Специфично лечење, како и кај повеќето вирусни болести не постои. Болниот мора да мирува заради опасност на руптура на слезината која е зголемена. Да се ограничи физичката активност 3 месеци после болеста ( детето да не посетува часови по физичко). Потребно е да се спроведи коректна хигиена на усната шуплина со испирање со различни антисептички раствори, благи чаеви од жалфија. Исхраната мора да е лесна, кашеста, без маснотии, прилагодена спрема возраста на детето.

Лечење со антибиотици не е потребно, додека мислењето на инфектолог е дека треба да се дадат пеницилински деривати заради дополнителна инфекција на бактеријата стрептококи, но тоа ниту го скратува текот на болеста, ниту влијае.

Следете го детето неколку месеци, следете го повлекувањето на црниот дроб и слезината и следете го повлекувањето на пореметувањата на функциите на црниот дроб.

Доколку знаете дека некој ја има оваа болест, избегнувајте контакт со нив, бидејќи вирусот се излачува интензивно. Тоа е најдобар начин на превенција.

Против оваа болест нема вакцина. Родителите мора да бида трпеливи, бидејќи опоравувањето е долго.

СОВЕТ НА ХОМЕОПАТИ: Се користат различни лекови према специвичноста на клиничката слика: Ailanthus gladulosa, Baryta carbonica, Belladona, Mercurius vivus, Calcium-phosphoricum, Phytolacca итн. При зголемување на слезината може да се даде и Ceonotus americanus. Значајно може да се ублажи и скрати текот на болеста и да се потикни организмот сам да се избори со болеста.