Живееме во време кога агресијата врз човековото здравје е се почеста и по разноврсна. Дури и земјите со најмоќна економија и најмодерни лекови, не се во можност да обезбедат здравствена заштита на населението ако секој поединец не преземе самиот одговорност за зачувување на неговото здравје. Лековите добиваат на знацење кај превенцијата.
Но превенцијата е најефикасна доколку со неа се започне усте од најраната возраст, односно во периодот пред зачнувањето и во текот на бременоста. Постојано расте бројот на поддржувачи на грижата за зачувување на здравјето на луѓето преку природен живот, исхрана и лекување. Особено, со тоа се нагласува потребата за враќање на природна исхрана.
Меѓу подароците кои природата му ги нуди на човекот, пчелни производи, особено медот, нему му припаѓа почесното место.
Корисниот ефект на медот за организмот на децата е познт е за многумина, но од практични совети за правилна употреба никогаш не е доволно. Децата кои преку исхранат редовно конзумираат и мед редовно, се многу поотпорни на многу болести.
Заедно со биоактивните супстанции од лековити билки, свежо овошје и зеленчук, минерална вода и други природни ресурси медот е ризница на профилактичко-лековити состојки кои што му се нудат на човекот како незаменлив дар од природата и пред се, за здравјето на децата.
Затоа може да се каже дека со право на медицинското пчеларството и превентива го најавуваат своето време.
Медот за децата
Медот е природна храна, сложен природен производ, со пријатен мирис и вкус. Тој содржи едноставни шеќери, витамини и минерали и има позитивен ефект врз апетитот. Тој треба да се користи наместо шеќер во исхраната на кај постарите доенчиња и малите деца.
Поради можноста од алергии кај општата популација, потребна е претпазливост при воведување на медот во исхраната кај доенчињата.
Според една група научници медот кај доенчињата може да се даде после шестиот месец, но според друга група на научници медот се дава после првата година.
Во принцип, мед е идеалена слатка храна за децата. Затоа што е лесно сварлив и сладок, ретко кои деца не го прифаќаат.
Големото значење на медот за нормален развој на целиот организам кај децата утврден е и емпириски и на научно-експериментален начин.
Модерните хемиски и биолошки анализи кај медот покажуваат комбинација на добри хранливи материи кои што не го оптеретуваат и не му пречат на дигестивниот систем кај детскиот организам. За деца медот претставува готова храна која што организмот 100% ја искористува и ја вклучува во виталните функции.

Соработка со: Bebe Boom