Product was successfully added to your shopping cart.
Шарено пире

Oд седмиот месец

ПОТРЕБНО:

  • 1 компир, средна големина (најдобро сладок)
  • 1 шолјичка млад грашок
  • 3 суви кајсии
  • 100 мл мајчино или адаптирано млеко
Read More
30.9.2016 14:32:15
Ориз со зеленчук

Разварете го оризот во малку посолена вода. Процедете го и оставете настрана да се излади. Морковот исчистете го, исечкајте го на тркалца, па заедно со грашокот сварете го во истата вода во која се вареше оризот. Сварениот зеленчук изблендирајте го да стане кашичка.

Соединете ги сите состојки, добро изматете и нахранете го бебето. Ако сакате, јадењето можете да го збогатите со сос од сирење, за подобар вкус.

Read More
30.9.2016 14:30:20
Палачинки од јаболка

Помешајте брашно, жолчка, вода и обично масло – од прилика во оној размер како кога правите класични палачинки. Добро изматете ја смесата со миксерот така што тестото ќе биде без грутки.

Во смесата додадете рендана јаболка. Помешајте се заедно и оставете 10 минути да постои. Потоа започнете со печењето; печете на масло како и обичните палачинки. Оставете да се оладат, па понудете го на вашето дете откако ситно ќе ги исецкате.

Read More
30.9.2016 14:28:39
Густа супа од пилешко месо

Добро исчистениот и измиен зеленчук ставете во лонец заедно со белото пилешко месо. Додадете вода и варете додека месото комплетно не омекне.

Извадете го зеленчукот од лонецот и измиксирајте го. Истото направете го и со месото. Во друг лонец ставете малку маргарин, а кога ќе зарумени, додајте ги измиксираниот зеленчук и месо, па прелијте со супата.

Read More
30.9.2016 14:26:54
Варен ослич
Филетите од осличот ставете ги да се варат во врела вода. По 10 минути, кога месото малку ќе омекне, тргнете го лонецот од оган и извадете го месото. Во друг лонец сварете компир и блитва заедно, а штом се скува, исцедете од вода. Сè заедно – осличот, компирот и блитвата на крајот измиксирајте ги како би добиле поголема смелена смеса.Read More
27.9.2016 16:38:36
Кнедли од мелено месо
Сомелете го свареното пишеко или мисиркино месо. Додајте жолчка и 1-2 лажици пченично брашно и од ова направете кнедли. Испечете ги на масло за готвење. Ставете во лонецот една лажица масло и лажица брашно. Кога ќе пожолти, додајте сок од домати и малку вода. Кога ќе проврие, додајте ги кнедлите од месо. Гответе уште 10 минути. Со вака подготвените кнедли може да се понуди и пченкарен гриз или пире од компир помешан со варен морков.Read More
27.9.2016 16:37:49
Лазањи од зеленчук и месо
Издинстајте морков, грашок, пченка, брокула во еден сад, а во друго младо мелено месо. Корите за лазањи (без јајце) малку сварете ги. Потоа во сад за печење наизменично редете ги корите, па ред миксиран зеленчук, па ред мелено месо, па повторно ред кори и така се додека не ја потрошите смесата. Во секој ред можете да додадете малку и сок од домат за да не биде премногу суво. Печете во рерна околу 30 минути на средна температура.Read More
27.9.2016 16:37:05
Мешано овошје
Излупеното и измиеното овошје исечкајте го на ситни парчиња а потоа ставете ги во блендерот. При тоа користете само овошје кое вашето мало веќе го има пробано. Избегнувајте цитрусно овошје кое се советува да се дава откако бебето ќе наполни 1 година.Read More
27.9.2016 16:36:20
Морков со јаболко
Свежиот морков кој претходно е добро исчистен и измиен како и излупената и исчистена јаболка исечкајте ги на ситни парчиња(доколку сакате, морковот може и да го изрендате). Се заедно ставете да се вари на пареа, но не повеќе од 5 минути, а потоа со помош на миксер измиксирајте гиRead More
27.9.2016 16:35:14
Гриз од компир
Излупете го компирот, измијте го и ставете го да се вари. Кога ќе биде добро сварен, изгмечете го со вилушка, а во водата во која се вареше компирот додајте неколку лажици пченкарен гриз. Мешајте го гризот на тивок оган додека не се згусне. Помешајте го заедно со компирот, а ако ви се чини дека кашата е премногу густа, тогаш додајте малце адаптирано млеко.Read More
27.9.2016 16:34:34

Items 11 to 20 of 24 total

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози