Product was successfully added to your shopping cart.
Патување со стомак
Да започнеме со факти: Бременоста не е болест. Ако идната мајка е добро и бебето е добро, нема причини за да не се патува. Сепак, во некој ситуации присаството на стомак може да биде нелагодно и патувањето тогаш може да предизвика замор.
Read More
30.9.2016 11:24:22
Утврдување бременост
Изборот да се има дете е почеток на еден од најголемите животни предизвици, а периодот на бременоста е една од најдинамичните фази во животот на една жена. Паралелно со растот на бебето што го носи, жената претрпува постепена физичка трансформација на телото и е подложена на редица физиолошки адаптации кон плодот, кои не секогаш се пријатни.
Read More
30.9.2016 11:21:33
Совети за измолзување

Ако знаете како да го измолзете и да го чувате вашето млеко, тоа може да ви помогне побрзо и помалку стресно да се вратите на работа. Потребно е само добро да се организирате.

Молзењето се практикува за да се собере мајчиното млеко кое ќе му се даде на бебето кога мајката не е дома за да го дои самата. Молзењето, исто така, значи и дека не мора секогаш кога сте дома да го доите бебето, туку може таткото или некој друг да го нахрани со шишенце со вашето одмолзено млеко, оставајќи ви простор да се одморите и наспиете.

Read More
30.9.2016 11:17:03
Пушење за време на бременост
Чадот од цигарите содржи над 4000 хемикалии, цијанид, олово и дури 60 состојки кои предизвикуваат рак. Кога пушите за време на бременоста, токсините од цигарите може да стигнат до вашиот крвоток, кој што претставува единствен извор на кислород и храниви материи за бебето.
Read More
30.9.2016 11:11:48
Емоции за време на бременост

Дали е нормална постојаната промена на расположението во текот на бременоста?

Апсолутно! Бременоста претставува нова состојба не само во физичка туку и во психичка смисла. Севесни сте дека детето кое ќе дојде набрзо ќе ги измени сите аспекти од вашиот живот, од емоциите, до односот со партнерот, преку кариерата, новите потреби. Сосема е разбирливо што сте оптоварени со грижата околу бременоста, дали бебето ќе биде добро, како ќе помине породувањето, како од економски аспект ќе се справите во проширеното семејство…

Read More
30.9.2016 11:06:45
Вашата бременост: Планирање
Контролата на породувањето е одраз на денешницата, време кога секој пар сам одлучува кога ќе започне со планирање на семејство – колку деца би имале, кое средство за контрацепција би го избрале и слично.
Зрелоста на една партнерска врска овие денови се проценува на основа на заедничките планови кои во иднина треба да се остварат. На планирање на семејство големо значење има и сопственото искуство од нашето примарно семејство, социјалното опкружување, културолошко, верско определување, како и политичката стабилност на земјата во која живееме.Read More
30.9.2016 10:45:56
10 совети против болки во грбот
Нервните завршетоци и мускулите кои се изложени на зголемен стрес се главни причинители за појава на болки во грбот. Понекогаш вистински анатомски причини за појава на болката непостојат, но чувството на непријатност сепак се појавува.Read More
30.9.2016 10:37:51
Исхрана за да го победите заморот
Без разлика дали сте на самиот почеток, на крајот или во периодот после бременоста, заморот е присутен кај вас како последица на зголемената концентрација на хормони во вашиот организам. Меѓутоа, заморот може да се јави и како последица на развојот на плодот, анемија, намалено лачење на хормони на тироидната жлезда, зголемената активност околу новороденчето, неправилната исхрана.Read More
30.9.2016 10:29:17
6 начина како здраво да ослабете по породувањето

Здрави навики и вежбање

Поголем број од новопечените мајки сакаат што побрзо да се ослободат од вишокот “труднички” килограми, но за жал мораме да кажеме дека непостои магија за тоа да се реши веднаш по породувањето. Сепак со здрави навики и исхрана и со редовно вежбање можете да го достигнете изгледот кој што сте го имале пред вашата бременост. Новопечените мајки за разлика од другите жени треба да бидат свесни дека им се потребни одредени хранливи материи, за да мајката и бебето бидат потполно здрави. Листа на храна која морате да ја внесувате во вашето тело додека се грижите за вашето бебе. Истата ќе ви помогне да ја вратите вашата енергија.

Read More
30.9.2016 10:18:44
Прашања што ги мачат сите мајки по породување

Без разлика на начинот на породувањето, вагиналното крварење е нормална појава, бидејќи од матката се отфрлаат остатокот од крвта и епител. Бојата на почетокот е  светло црвена до кафена, а околу 10-тиот ден се јавува и белкаст секрет. Крварењето треба комплетно да престане три до четири недели по породувањето, а доколку забележите дека секретот има непријатен мирис или се јавува згрутчена крв, постои опасност да е заостанат дел од ткивото на постелката, па во овој случај веднаш контактирајте го вашиот лекар.

Read More
30.9.2016 10:13:55

Items 11 to 20 of 21 total

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози