Мајчиното млеко е најдоброто за Вашето дете обезбедувајќи му се што е потребно за здрав раст и развој. Советите кои следуваат Ви ги покажуваат на краток и јасен начин нештата кои треба да ги земете во предвид со цел да го направите доењето забавно искуство за Вас и Вашето бебе.
• Поставете го бебето на градата веднаш по неговото раѓање, ако е можно веќе половина час по раѓањето. Ова е најдобар начин да се стимулира создавањето на млеко кај мајката. Дури и ако Вашето бебе не цица доволно во оваа фаза, сепак тоа Ви го олеснува доењето во понатамошниот период.
• Хранете го Вашето бебе секогаш кога тоа дава знаци дека е гладно. Во почетокот, доењето може да биде на 2 часа, но времето меѓу доењата постепено ќе се зголемува се додека бебето само не си определи свој ритам на хранење. Приближно 6-7 доења во текот на денот се сосема доволни. Ова покажува дека строг план за исхрана не е неопходен. Заклучокот е колку почесто го ставате бебето на градата, толку подобро, затоа што количеството на млеко кое се создава ќе биде во согласност со неговите потреби.
•Составот на мајчиното млеко во целост ги задоволува потребите на Вашето бебе. Како бебето расте така и составот на мајчиното млеко се менува, дури и промените се во согласност со текот на доењето. Мајчиното млеко е најлесно сварлива храна и затоа е најдобра за Вашето бебе.
• Одделете време за да го нахраните Вашето бебе. Најдете тивко место каде се чувствувате удобно и каде нема да ве вознемируваат. Блискиот физички контакт ја зацврстува врската меѓу Вас и Вашето бебе. Времето кога доите користете го за да го запознаете Вашето бебе. Запомнете, доењето е ново искуство, како за Вас така и за Вашето бебе, затоа треба да бидете трпелива особено ако тоа не оди така лесно.
• За да обезбедите доволно млеко потребно е да го поставите бебето на едната града за еден оброк. Доколку бебето го испие целото млеко од едната града и сеуште е гладно, треба да го поставите да цица на другата града се додека не се најаде. Наредното доење треба да го започнете на другата града.
• Немојте нагло да го тргате бебето од градата - на тој начин може да ве повреди. Подобро е да поставите прст помеѓу крајот од устата на бебето и брадавицата на градата и на тој начин да се прекине цицањето. На овој начин Вие лесно ќе можете да го одвоите бебето од дојката.
• По доењето, држете го бебето уште малку на вашата рака и масирајте му го грбчето. На овај начин се ослободува од воздухот кој бебето не може да го проголта и тоа ке подригне.
• По доењето, оставете ја брадавицата од дојката да се исуши на воздух неколку минути. Остатоците од млекото кое ќе се исуши на брадавицата содржат супстанции кои спречуваат појава на инфекции на градите.
• Добро балансиран план на исхрана за мајката додека таа дои влијае на составот на млекото и е посакуван со цел бебето да ги добие сите потребни витамини.
• Добро балансираната исхрана е исклучително важна за Вас како мајка доилка и игра важна улога вие да се чувствувате пријатно. Во периодот на доење, добра идеја е да имате 5 оброци на ден со мали ужини меѓу нив. Пред се, важно е да практикувате исхрана со која ќе избегнувате месни производи (околу 2/3). Треба да конзумирате житарици, леб, ориз, тестенини како и компир. Свежото овошје и зеленчук треба да бидат во центарот на вашата исхрана. Правилната количина е 5 порции на ден. Млекото истотака треба да биде вклучено во вашето секојдневно мени како извор на протеини и калциум.