Жените ја опишуваат оваа сензација како пукање пуканки, како рипка што плива во аквариум или како пеперутки што летаат. Движењата ќе ги почувствувате повеќе кога седите или кога лежите мирно.
До 16. или 22. недела од бременоста, најверојатно, нема да го почувствувате движењето на бебето, иако тоа се движи од седмата-осмата недела што можете да го видите на ултразвук.
Мајките, на кои ова не им е прво бебе, полесно ги чувствуваат движењата на плодот, за разлика од прворотките. И ставата, исто така, влијае – потенките жени побрзо ги чувствуваат движењата од тие што имаат поголема телесна тежина.
Жените ја опишуваат оваа сензација како пукање пуканки, како рипка што плива во аквариум или како пеперутки што летаат. Во почетокот, можеби ќе го побркате движењето на плодот со гасови или со грчеви од глад, но откако тие ќе зачестат, ќе ја препознаете разликата. Движењата ќе ги почувствувате повеќе кога седите или кога лежите мирно.
Во почетокот, движењата што ќе ги забележите, ќе бидат неколку и ќе се јават на подолг период. Всушност, можете да почувствувате неколку движења во еден ден, а друг ден ниедно. Иако бебето се движи и клоца постојано, повеќето од неговите превртувања не се толку силни за вие да ги почувствувате. Но, подоцна во второто тримесечје, тие клоцања, ќе станат посилни и почести.
Ако сте склони да се споредувате со другите трудници, не грижете се ако вашето искуство се разликува од тоа на вашите пријателки. Секое бебе има своја шема на активност. Се додека не се намалуваат неговите активности, нема за што да се грижите.
Откако ќе почнете да ги чувствувате движењата редовно, внимавајте на нив и кажете му на докторот ако забележите дека се намалува нивото на активност кај бебето. Намалената активност може да сигнализира дека има некаков проблем. Ќе треба да направите биофизиолошки профил или тест за стрес, како и ултразвучно мерење на амнионската течност за да проверите дали е се во ред со бебето.
Во третото тримесечје, некои лекари препорачуваат да ги броите движењата на бебето, секој ден. Има повеќе начини како да броите, за што можете да го прашате гинекологот. Еве еден општ начин:
Изберете период од денот кога бебето вообичаено е активно. Идеално е ако секој ден во исто време да ги броите движењата. Седнете мирно или легнете на страна. Мерете за колку време ќе почувствувате десет различни движења – клоцање, удирање, движење на целото тело. Ако во период од два часа не изброите десет движења, престанете да броите и јавете му се на лекарот.
Бебе Магазин