Chicco има решение за вас
Сигурно сте загрижени за првите чевли за вашето дете, сте посетиле безброј продавници, сте ја провериле влошката, се прашувате дали тие треба да бидат кожа или не, внимателно го испитувате ѓонот, размислувате дали сте ги одбрале вистинските..... Еве накратко еден поглед на најважните моменти во изборот на чевли за вашето дете.

Започнете го вашето патување со здрави стапала! Првите години од животот се важни за моторниот развој, и нозете играат фундаментална улога во ова. Чевлите мора да имаат соодветна големина за ногата на детето, мора да бидат лесни и удобни и во исто време да му овозможат на детето слобода на движење, благодарение на заоблената форма, флексибилни влошки и пред се на стимулативните делови што се наоѓаат на самата влошка.

Со цел да се создадат чевли кои нудат најдобри услови за развој на мали стапала, "Chicco опсерваторија" (истражувачки центар Chicco) која што го истражува растот на детето во оваа област, работи заедно со медицинските научни институции со цел да добие информации од нив и валидност. Во деталниот извештај и соработка со Универзитетот во Павија, направена е студија на она што се можните карактеристики, кои чевли треба да имаат цел да го овозможат природниот развој на нозете на децата за време на различните фази на растот.
Најважните 4 карактеистики на чевлите, за правилен развој на стапалата на децата се:

1. Слобода, 2. Удобност, 3. Флексибилност, 4. Стимулација

Ова е токму она што ги карактеризира Chicco чевлите и обезбедува максимална удобност на децата во растот односно проодувањето. Така Chicco дизајнира и создава  "Физиолошки чевли" со различни карактеристики во зависност од возраста и потребите на нозете на децата. Сите Chicco Физиолошки чевли обезбедуваат удобност, слобода, флексибилност и стимулативни мерки, во зависност од возраста.

  Фаза 0m +
Во текот на првите месеци на животот, нозете се многу важен и чувствителен орган, всушност, до 8-9 месеци на нозете се  почувствителни од рацете. Затоа децата можат да одат боси, се разбира, нозете мора да бидат заштитени од студот. Затоа стапалта треба да бидат заштитени со нелизгачки чорапи или со многу меки чевли, со кружна форма или соодветен отвор на прстите, така што стапалата слободно ќе се движат.

  Фаза 5м +
Во текот на оваа фаза, стапалата почнуваат да развиваат моторни активности, овозможувајќи подобрување на тонусот на мускулите и чувствителноста. Зголемен моторна активност, бара внимателност, која го штити бебето без ограничување на слободата на ногата.

  Фаза 9м +
Околу деветиот месец децата почнуваат да ползат и ова е важна фаза од развојот на вратот, достигнувајќи ги моторната координација и истражувањето на животната средина и околината. Она што ги карактеризира Chicco чевлите за време на оваа фаза е постоењето на ѓон со различна густина, кој што е флексибилен и нелизгачки. Предниот дел лесно се свиткува, дури и ако само малку се  притисне со рака. Конечно висината на чевлите во предниот и задниот дел е така дизајниран што гарантира најдобра позиција на ногата.

  Фаза 12м +
Првата година од животот на детето е многу важена за правилен развој на ногата. Обично децата проодуваат од 12 месец. Chicco Физиолошките чевли имаат физиолошка елементи кои постојано го стимулира стапалото во текот на денот, така што ги зајакнуваат мускулите, ја подобруваат на рамнотежата и ја создаваат формата на стапалото.

Chicco чевли за правилен развој на стапалата.