Product was successfully added to your shopping cart.
Епидермис
Епидермисот е надворешниот слој на кожата кој се регенерира континуирано и претставува бариера против навлегувањето на туѓите материи како што се бактерии, загадувачи, кал, прашина итн. Во првите месеци од животот, кожата е уште е прилично тенка, со дебелина што е околу половина од таа на возрасните и е покриена со заштитен слој, наречен "vernix caseosa", која исчезнува веднаш по раѓањето, бидејќи ја завршува својата функција, која е да се заштити кожата од мацерација предизвикана од амнионската течност во матката.Read More
06.10.2016 16:22:48
Доење
Ова е многу важна фаза во животот на бебето и мајката. За новороденче прифаќањето на градите и цицањето не е само основна, физиолошка неопходност, туку, пред сe, тоа е моментот на поврзување со мајката, со многу емоции и голема блискост, аудитивни дразби, како и оние на вкус и мирис. Задоволувањето на оваа потреба носи длабоко чувство на благосостојба и смиреност и за детето и за мајката.Read More
06.10.2016 16:21:27
Изобилство на млеко
Во овие случаи, млекото може да се екстрахира со помош на пумпа за гради и да се чува за да се даде на бебето кога е потребно. По употребата, сите делови на пумпата за гради што доаѓаат во контакт со мајчините градите и со млекото мора да се расклопуваат, перат и да се исплакнат темелно.Read More
06.10.2016 16:20:07
Појава на инфекции кај децата
Инфекциите на органите за дишење се меѓу најчестите здравствени проблеми кај децата, а вообичаено започнуваат со течење на носот. Овие инфекции се најчести во есен и зима, но може да се појават и во текот на целата година. Вообичаено станува збор за вирусни инфекции кои најлесно се шират на места каде што престојуваат поголем број на деца, т.е во градинките и училиштата.Read More
06.10.2016 16:18:53
Растете со насмевка
Кога родителите го гледаат смеењето кај своите деца, тоа им го создава едно од најубавите чувства и целосно ги исполнува. Смеењето е корисно за целото семејство и помага во надминување на секојдневните грижи а воедно – дава чувство на блискост и полет.Read More
06.10.2016 16:16:03
Совети како да ја намалите појавата на алергија и егзема кај бебињата

Како да ја намалите појавата на алергија?

Доколку тестовите покажат дека бебето е алергично на некоја супстанца во домот, или од надворешната околина, или пак има знаци на појава на астма, пред сè намалете ја изложеноста на алергените кои тоа го предизвикуваат.Read More
06.10.2016 16:06:26
Воспаление на синуси кај деца
Одредени вируси или бактерии предизвикуваат воспаление на слузницата на синусите па доколку детето нема развиено појак имунитет, воспалението може да се прошири и до синусите. Воспаление на синусите кај децата не е безопасна болест и за неа треба да добро да се информираме. Синусите се шуплини кои се наоѓаат во челната коска на лицето, позади носот.Read More
06.10.2016 15:58:17

Items 11 to 17 of 17 total

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози