Product was successfully added to your shopping cart.

Items 71 to 80 of 134 total

Пушење за време на бременостЧадот од цигарите содржи над 4000 хемикалии, цијанид, олово и дури 60 состојки кои предизвикуваат рак. Кога пушите за време на бременоста, токсините од цигарите може да стигнат до вашиот крвоток, кој што претставува единствен извор на кислород и храниви материи за бебето.
30.9.2016 11:11:48
Емоции за време на бременост

Дали е нормална постојаната промена на расположението во текот на бременоста?

Апсолутно! Бременоста претставува нова состојба не само во физичка туку и во психичка смисла. Севесни сте дека детето кое ќе дојде набрзо ќе ги измени сите аспекти од вашиот живот, од емоциите, до односот со партнерот, преку кариерата, новите потреби. Сосема е разбирливо што сте оптоварени со грижата околу бременоста, дали бебето ќе биде добро, како ќе помине породувањето, како од економски аспект ќе се справите во проширеното семејство…

30.9.2016 11:06:45
Вашата бременост: ПланирањеКонтролата на породувањето е одраз на денешницата, време кога секој пар сам одлучува кога ќе започне со планирање на семејство – колку деца би имале, кое средство за контрацепција би го избрале и слично.
Зрелоста на една партнерска врска овие денови се проценува на основа на заедничките планови кои во иднина треба да се остварат. На планирање на семејство големо значење има и сопственото искуство од нашето примарно семејство, социјалното опкружување, културолошко, верско определување, како и политичката стабилност на земјата во која живееме.
30.9.2016 10:45:56
10 совети против болки во грботНервните завршетоци и мускулите кои се изложени на зголемен стрес се главни причинители за појава на болки во грбот. Понекогаш вистински анатомски причини за појава на болката непостојат, но чувството на непријатност сепак се појавува.
30.9.2016 10:37:51
Исхрана за да го победите заморотБез разлика дали сте на самиот почеток, на крајот или во периодот после бременоста, заморот е присутен кај вас како последица на зголемената концентрација на хормони во вашиот организам. Меѓутоа, заморот може да се јави и како последица на развојот на плодот, анемија, намалено лачење на хормони на тироидната жлезда, зголемената активност околу новороденчето, неправилната исхрана.
30.9.2016 10:29:17
6 начина како здраво да ослабете по породувањето

Здрави навики и вежбање

Поголем број од новопечените мајки сакаат што побрзо да се ослободат од вишокот “труднички” килограми, но за жал мораме да кажеме дека непостои магија за тоа да се реши веднаш по породувањето. Сепак со здрави навики и исхрана и со редовно вежбање можете да го достигнете изгледот кој што сте го имале пред вашата бременост. Новопечените мајки за разлика од другите жени треба да бидат свесни дека им се потребни одредени хранливи материи, за да мајката и бебето бидат потполно здрави. Листа на храна која морате да ја внесувате во вашето тело додека се грижите за вашето бебе. Истата ќе ви помогне да ја вратите вашата енергија.

30.9.2016 10:18:44
Прашања што ги мачат сите мајки по породување

Без разлика на начинот на породувањето, вагиналното крварење е нормална појава, бидејќи од матката се отфрлаат остатокот од крвта и епител. Бојата на почетокот е  светло црвена до кафена, а околу 10-тиот ден се јавува и белкаст секрет. Крварењето треба комплетно да престане три до четири недели по породувањето, а доколку забележите дека секретот има непријатен мирис или се јавува згрутчена крв, постои опасност да е заостанат дел од ткивото на постелката, па во овој случај веднаш контактирајте го вашиот лекар.

30.9.2016 10:13:55
Бременоста во различни годиниПовеќето стручњаци сметаат дека не постои некое одредено “право време” за основање семејство. Меѓутоа, постојат и предности и недостатоци при раѓање во одредени години. Во дваесеттите ќе имате повеќе енергија за трчање по детето и грижа за него, но веројатно помалку финансиски средства и секако помалку животно искуство на кое би можеле да се ослоните.
30.9.2016 10:08:05
Причини за зголемена секреција од носотЕсента е време во кое децата, малку почесто отколку во другите периоди од годината, имаат зголемено течење од носот, па обично постои дилема околу тоа дали детето е болно и дали би требало да му се даваат антибиотици. Антибиотиците се лекови кои лекарот ги дава само во случај на бактериска инфекција, додека на вирусите немаат никаков ефект.
29.9.2016 16:35:19
Алергија на поленПо дефиниција на Американската Академија за алергија, астма и имунологија, алергија е „стекнат потенцијал„ за развој на алергиски реакции. Алергиите настануаат кога организмот реагира на безопасните материи од околината како на напаѓачи. Антителата кои се вклучени во алергиските случувања најчесто се „имуноглобулини Е„ (IGE). IGE антителата се врзуваат за рецепторите, посебни одбрамбени, материи кои содржат хистамин.
29.9.2016 16:33:12

Items 71 to 80 of 134 total

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози