КОЛИЧКА MIXX NEXT OCEAN NUNA
Nuna Mixx Next е количка која ќе ви овозможи да тргнете во авантура со вашето бебе. Спакувајте се и тргнете било каде со Mixx Next. Уживајте во лесното возење со количка што можете да ја управувате со една рака, со седиште што лесно се поставува во рамна лежечка положба за дремки во движење. Благодарение на компактното преклопување, количката лесно се сместува и во тесни простори, овозможувајќи ви да патувате кога и да посакате.
Возраст: од раѓање до 22 кг.
Клучни карактеристики:
Седиште што може да се врти во двата правци: бебето може да биде свртено кон вас за визуелен контакт, или нанапред за да го истражува светот.
Вклучени адаптери за лесно монтирање на носилка (корпа) или автоседиште на рамката.
Можност за склопување со монтирано седиште.
Компактна, преклоплива оска за уште помало склопување.
По склопување, количките се заклучуваат со брз клик и можат да се влечат како куфер.
Сменливи тркала.
Free Flex суспензија на задните тркала.
Суспензија на сите четири тркала за поголема удобност.
Гуми исполнети со цврста пена, погодни за секој терен.
Предни ротирачки тркала со можност за блокирање.
Еднодопирен кочничен систем на задните тркала.
Луксузна рачка и безбедносна пречка (bamper) изработени од вештачка кожа; пречката се вади, рачката е прилагодлива по висина.
Седиштето се трансформира во рамма лежечка положба, идеално за спиење во движење.
Седиште за сите сезони: топло и удобно во зима со меки вметоци, а во лето се отвора мрежеста ткаенина за проветрување.
MagneTech Secure Snap – самонасочувачка магнетна тока која автоматски се заклучува.
Наслон во 5 позиции, лесно прилагодлив со една рака.
Водоотпорна и продолжлива тента со прозорче и вентилациски отвор, со UPF 50+ заштита од сонце.
Продолжена тента која штити од сонце и дожд.
Магнетен отвор на врвот на тентата кој ви овозможува да го видите бебето.
Петточковен појас со брзо отпуштање и можност за трансформација во триточковен.
Двослојна, реверзибилна и отстранлива подлога за седиште што расте со вашето бебе.
Прилагодлива потпора за телото со интегриран ослонувач за нозе.
Голема кошница за купување со 2 оддели и џеб со патент.
Џеб за мобилен телефон на задниот дел од седиштето.
Навлака за дожд и зимска прекривка за заштита на детето при движење во различни временски услови.
Количките Mixx Next се компатибилни со Mixx Next носилката или PIPA серијата на автоседишта за бебиња.
Димензии:
Склопени колички: 76 x 60 x 42 cm
Раширени колички: 82 x 60 x 110 cm
Тежина: 11,09 kg