СЕДИШТЕ ATON 5 I-SIZE RIVER BLUE CYBEX
Cybex Aton 5 е ултра лесно и пространо автоседиште кое нуди максимална безбедност, дизајн и функционалност.
Уникатните безбедносни карактеристики вклучуваат: прилагодлив naslon за глава со вградени водилки за појас, кои ја зголемуваат безбедноста при незгода, како и школка што апсорбира енергија во комбинација со системот за линеарна заштита (L.S.P.) од странични удари.
Една од новите карактеристики на удобноста кај автоседиштето Aton 5 е големата XXL тента за сонце, прилагодлива во 4 позиции, што го прави идеално за предвремено родени бебиња и многу мали новороденчиња. Дополнително, развиена е и функција која преку додаток за новороденче обезбедува совршено позиционирање на главата, вратот и градниот кош. Ова значително го намалува ризикот од давење, а кога вметокот се отстрани, поголемите деца добиваат повеќе простор и удобност.
Опис на производот:
Намена: за возраст од раѓање до 13 кг (приближно до една година)
Наслон за глава со прилагодување во 8 различни висини
Нова функција со вметок за новороденче која овозможува идеален агол на седење и го држи бебето во правилна положба, така што главата, вратот и градниот кош се безбедно и удобно поставени.
Линеарна заштита од странични удари (L.S.P. систем)
Школка која апсорбира енергија
Интегрирана XXL расклоплива тента со UVP50+ заштита од сонце
Се придржува кон стандардот ECE R44/04
Димензии и тежина:
Димензии: 64 см x 43 см x 39 см
Тежина на седиштето: 4,8 кг
Текстилните навлаки може да се перат во машина на 30°C.
Автоседиштето за бебиња Aton 5 лесно се поставува на сите модели на Cybex колички со помош на адаптери (адаптерите се купуваат одделно).
Компатибилно е со Isofix база (Isofix базите се купуваат одделно).