КОЛИЧКА TRIO BELLAGIO BLACK SATIN KORY I-S ESSENTIAL 0м+ CHICCO
Количка наменета од раѓање до 22 кг.
Kарактеристики на количката Chicco Bellagio
- Потпирач за грб кој лесно се подесува со една рака во 4 позиции.
- Реверзибилно седиште кое можи да биде свртено кон родителот или свртено кон напред.
- XL тенда со UV50+ заштита од сонце и водоотпорна ткаенина. Има и мрежест прозорец за набљудување на самата тенда, кој исто така овозможува воздухот да циркулира.
- Безбедносни појаси со магнетна тока и обложени ремени за рамо и прегради за нозе.
- Појаси опремени со систем Stay in place што ги држи ремените подигнати.
- Сите тркала се опремени со суспензија со високи перформанси и топчести лежишта. Задните тркала имаат поголем дијаметар за да се справат со уште понерамномерен терен.
- Затворање со технологија OneTouch, која ви овозможува да ја затворите количката едноставно со еден клик.
- Можно е затворање со седиштето свртено во двете насоки.
- Кога е затворена, количката стои самостојно и може да се транспортира со помош на специјалната рачка.
- Рафинирани ткаенини и детали.
- Вклучени се шопинг корпа, кабаница за дожд и прекривка за нозе.
КОРПА FLEXI BLACK SATIN CHICCO
- Наменета од раѓање до 9 кг.
- Внатрешност е изработена од ткаенина од природни бамбусови влакна која ја апсорбира влагата и ја одржува правилната телесна температура.
- Дното на корпата е со дупки за подобра циркулација на воздухот.
- Прилагодлив потпирач за грб.
- Мрежест прозорец што се отвора на задниот дел од тендата, за циркулација на воздухот.
- Голема тенда со UV50+ заштита од сонце и водоотпорна ткаенина. Се одликува со мрежест дел во задниот дел од тендата за поголема циркулација на воздухот.
- Отстранлив дел што се прицврстува на тендата и делува како дополнителна заштита од сонце и како мрежа против комарци.
- Прекривка за нозе.
- Кога не се користи, може да се преклопи за да се намали нејзината големина.
- Тежина: Kg 4,4
- Големи внатрешни димензии: 79?36 cm
Вклучени се адаптери за прицврстување на рамката и за држачот Lullaglide, за да се користи корпата и како креветче дома.
СЕДИШТЕ KORY I-S ESSENTIAL BLACK 40-80см CHICCO
Седиште за новороденче за поставување во автомобил и на колички Chicco, за употреба од раѓање до приближно 15 месеци. Компатибилно со количките One4Ever, Mysa и Best Friend.
Флексибилна инсталација: може да се инсталира на „Full 360 i-Size base“ (одделно се продава) или преку појасот на возилото, секогаш свртено наназад.
Системот за лесен пристап го поедноставува позиционирањето на детето благодарение на ротацијата на седиштето во случај на инсталација на основата Full 360 i-Size.
Благодарение на ергономската форма, редукторот за апсорпција на енергија не само што гарантира удобност и безбедност, туку помага и главата и телото на детето да бидат во правилна позиција.
УВ50+ и водоотпорна настрешница за сонце.
Школката на седиштето е опремена со специјален систем за вентилација, за поголем проток на воздух во задниот дел на седиштето.