Product was successfully added to your shopping cart.
  • СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO
  • СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO
  • СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO
  • СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO
  • СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO
  • СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO
  • СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO

СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO

Шифра на артиклот: 112600000
Бренд: CHICCO
ден 1.290

Детали за производот

СПРЕЈ ЗА СОНЧАЊЕ SPF50+ 150 ml CHICCO
Формулата е во согласност со Договорот за корали на Хаваи.
FORMULA 3 PRO-TECH: гарантира заштита на кожата од UVA, UVB и инфрацрвени (IR) зраци.
Без октиноксат и оксибензон
Многу висока заштита SPF50+
Без алкохол и парфеми.

Дерматолошки и педијатриски тестирано за употреба на чувствителна кожа.
Пред употреба, Ве повикуваме внимателно да ги прочитате етикетите и предупредувањата наведени на пакувањето на производот.
Начин на употреба: Не изложувајте се предолго на сонце дури и ако користите производи за заштита од сонце.
Испрскајте го производот на дланката и потоа нанесете го на кожата на бебето.
Нанесете го производот 20 минути пред сончање. Повторно нанесувајте често во текот на денот и секогаш после пливање, на сува кожа.
Чувајте ги децата подалеку од директна сончева светлина. Доенчињата треба да носат заштитна облека, да се нанесува производот само на отворени места.
Протресете пред употреба. Избегнувајте контакт со очи. Избегнувајте контакт со облека.

Одржливост
РЕЦИКЛИРАНО е подобро! Сите амбалажи се направени од 100% рециклирана пластика.
БЕЗ оксибензон и октиноксат: ја заштитува кожата додека ги почитува нашите мориња. Формулата е во согласност со Договорот за корали на Хаваи.
ЗАШТИТЕТЕ ЈА ВАШАТА КОЖА, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ НАШИТЕ МОРИЊА

OXYBENZONE и OCTINOXATE се два хемиски УВ филтри за кои постои сомневање дека го забрзуваат белењето на коралите. Ова се два УВ филтри кои вообичаено се наоѓаат во многу креми за сончање, а неодамна беа забранети според Договорот за корали на Хаваи. Новите сончеви формули на Chicco се специјално дизајнирани да ја заштитат нежната и чувствителна кожа на децата, а истовремено да го намалат влијанието на формулата врз морскиот екосистем.

ЗАШТИТА
Новите креми за сончање Chicco се специјално формулирани за заштита на деликатната и чувствителна кожа на децата, а истовремено го намалуваат:
* влијанието на формулата врз морскиот екосистем, избегнувајќи ја употребата на УВ филтри забранети со Договорот за корали на Хаваи
* влијанието на пакувањето на планетата, користејќи рециклирана пластика за да се направат нивните амбалажи

ФОРМУЛА 3PRO-TECH
Нашите нови формули SPF 50+ 3PRO-TECH гарантираат заштита на кожата од UVA, UVB и инфрацрвени (IR) зраци. Тие содржат емулгатори без PEG со висока компатибилност со кожата и обезбедуваат лесна и немрсна текстура. Не содржат алкохол, силикони и парфеми и се водоотпорни.

МНОГУ ВИСОКА ЗАШТИТА
Кремите за сончање за деца мора да гарантираат висока или многу висока заштита од УВБ зраците. Индексот на заштита од УВБ е даден со SPF (фактор за заштита од сонце), кој за децата мора да биде 50 или 50+. Сите сончеви формули на Chicco Baby Moments SUN имаат SFP50+.

ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО
Сите формули се дерматолошки тестирани на чувствителна кожа. Тие се тестираат и под педијатриски надзор. Тие не содржат алкохол или парфеми и силикони.
ВОДООТПОРЕН
Благодарение на својата бариерна формула, спрејот нуди течна и лесна текстура, лесна за нанесување и создава заштитна, водоотпорен слој на кожата.

Видео

Со купување на овој производ можете да соберете 14 поени. Зачленете се во Енци Менци Беби Клубот и започнете со собирање на поени. Подетално за членството можете да прочитате "тука".

Настојуваме да бидеме колку што е можно поточни во описите на сите производи, но не можеме да гарантираме дека сите описи се комплетни и без грешки. Ви благодариме на разбирањето.

Додади во листа на желби

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози