Product was successfully added to your shopping cart.
  • ЃЕРДАНЧЕ КИЛИБАРНО BAROK MIX BABY LINE ЃЕРДАНЧЕ КИЛИБАРНО BAROK MIX BABY LINE
  • ЃЕРДАНЧЕ КИЛИБАРНО BAROK MIX BABY LINE ЃЕРДАНЧЕ КИЛИБАРНО BAROK MIX BABY LINE
  • ЃЕРДАНЧЕ КИЛИБАРНО BAROK MIX BABY LINE ЃЕРДАНЧЕ КИЛИБАРНО BAROK MIX BABY LINE

ЃЕРДАНЧЕ КИЛИБАРНО BAROK MIX BABY LINE

Шифра на артиклот: BL3
Бренд: BABY LINE
ден 1.190

Детали за производот

Сигурност

При изработката на ѓерданчето Baby Line првенствено е земена во предвид безбедноста на Вашето дете. Ѓерданчињата на Baby Line се многу издржливи и наменети исклучиво за носење, а не за глодање. Ѓерданчето се состои од низа килибарни бројаници поединечно врзани во јазол. Како резултат од неадекватно користење, ако дојде до кинење на ѓерданчето, нема да се расипе, туку ќе отпадни само една бројаница, така да нема опасност од задушување. Секое ѓерданче има специјално дизајнирано копче кое многу лесно се отвара и затвора. При изработката на копчето не се користени метали или слични материјали кои може да направат иритација кај децата.

Автентичност

Со купување на ѓерданчето на Baby Line добивате сертификат за автентичноста на производот. Исто така, има и решение за здравствената исправност на производот. Прочитајте повеќе на нашата интернет страница.
Упатство за правилно користење на ѓерданчето на Baby Line
• Носењето на ѓерданчето на Baby Line се препорачува над 3 месеци
• Ѓерданчето треба да се носи така што ќе биде во непосреден контакт со кожата
• Ѓерданчето е наменето исклучиво за носење, а не за глодање
• Се препорачува отстранување на ѓерданчето додека бебето спие
• Ѓерданчето не треба да се изложува на јако хемиски средства како алкохол, ацетон, детергенти и слично.

Начин на делување

За време на загревањето на ѓерданчето од телесната температура, килибарот ослободува од своите лековити масла. Овие масла содржат килибарна киселнина која лесно се апсорбира во кожата, а потоа во крвотокот. Балтички килибар, од околу 350 видови на килибар кои се наоѓаат во природата, поседува најголема концентрација на килибарна киселина (3-8%), а тоа е она што го прави посебен. Позитивното влијание на килибарната киселина ја докажа Роберт Кох, добитник на Нобелова награда и открил дека нема негативно влијание од нејзиното акумулирање во човечкото тело. Носењето на ѓерданчето на Baby Line може значајно да ги ублажи симптомите поврзани со никнување на првите заби, како што е недостаток на апетит, желудочни проблеми, црвенило на образите, болки во увото температура и настинки.

Одржување

По потреба ѓерданчето на Baby Line може да се мие со млака вода. При сушењето треба да се внимава да не се изложува на висока температура. Пожелно е да се исуши на сонце.

Рок на траење

Рокот на траење е неограничен.

Здравствена исправност

Ѓерданчињата на Baby Line се здравствено исправни производи испитани во согласност со барањата на Законот за здравствена безбедност на предмети за општа употреба, а во согласност со барањата на Правилникот за условите во поглед на здравствената исправност на предметите за општа употреба кои може да се стават во промет.
Број на решение: 03 UP 0876/3-2015 од 13.08.2015 година.

Ѓерданчињата за бебе од килибар од Baby Line произведени се од 100% природен балтички килибар. За разлика од геловите за непца или сирупите за ублажување на болките, килибарните ѓерданчиња се помалку нападни средства за смирување на Вашето дете од симптомите поврзани со никнување на првите заби, како што се недостаток на апетит, желудочни проблеми, црвенило на образите, болки во увото температура и настинки. Секое парче накит е изработено рачно со многу љубов во Литванија. Традиционалниот начин на изработка и новата технологија за обработка на килибар го чини Baby Line ѓерданчето многу пријатно за носење.

Со купување на овој производ можете да соберете 13 поени. Зачленете се во Енци Менци Беби Клубот и започнете со собирање на поени. Подетално за членството можете да прочитате "тука".

Настојуваме да бидеме колку што е можно поточни во описите на сите производи, но не можеме да гарантираме дека сите описи се комплетни и без грешки. Ви благодариме на разбирањето.

Додади во листа на желби

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози