Житарици во исхраната на бебето

Соодветно советите на денешните лекари, секоја храна која во себе содржи жито не треба да му се дава на бебето пред да наполни една година. Наместо житарици, можете да користите оризен гриз или оризни снегулки, доколку бебето е помало од една година.

 

Најдобро е да користите жолт ориз наместо бел, кој е похранлив!

 

Од изборот на житарици може да користите: ориз, овесно брашно, јачмен, пченица…

Било кои од овие житарици може да ги сомелете во мелница за кафе. При тоа, ќе добиете фино брашно од кое можете да подготвувате кашички за вашето бебе, во периодот кога може да се внесат житариците во неговата исхрана.

 

Погледнете ги неколкуте рецепти за правење кашички од житарици за вашето бебе:

 

• 1/4 шолја брашно од ориз

• 1 шолја вода

• малку адаптирано или мајчино млеко

 

Ставете ја водата да зоврие. Тогаш додадете го брашното од орзи и гответе додека не се згусне. Додадете го млекото и мешајте. Потоа, оладете ја кашата на собна температура и нахранете го бебето.

 

Кашичка од јачмен

 

• 1/4 шолја брашно од јачмен

• 1 шолја вода

• малку адаптирано или мајчино млеко

 

Ставете ја водата да зоврие, додајте го брашното од јачмен и гответе отрпилика 10 минути. Потоа тргнете ја смесата од оган, и разредете ја со млекото. Оладете ја кашата на собна температура.

 

Понатака, кога бебето ќе биде повозрасно, можете да ја менувате текстурата на кашата и да готвите цели житарици без претходно мелење.

 

Кашичка од овес

 

• 1/4 шолја од овесно брашно (мелено во блендер)

• 3/4 вода

• малку адаптирано или мајчино млеко

 

Ставете ја водата да зоврие, додајте го брашното и гответе околу 5 минути. Разредете ја кашата со млекото или пак може да употребите некој природен овошен сок, на кој веќе е навикнато вашето бебе. Оладете ја кашата и нахранете го бебето.

 

Кашичка од мешани житарици

 

• 1 лажица мелен јачмен

• 1 лажица мелен ориз

• 1 лажица мелен овес

• 1 шолја вода

• малку адаптирано или мајчино млеко или овошен природен сок

 

Ставете ја водата да проврие, потоа тргнете ја од оган, додадете ги житариците и потоа измиксирајте ја целата смеса. Покријте ја кашата да отстои 10 минути и потоа разредете ја со млекото или сокот.

 

Кашичка од пченкарни снегулки

 

• 1 шолја јогурт

• 2 лажици природен сок од портокал

• 1/2 шолја пасирани јагоди (Јагодите се внесуваат по една година во исхраната на бебето)

• 1/4 шолја пасирана банана

• 4 лажици сок од свежо исцеден лимон разреден со вода

• пченкарни снегулки

 

Сите состојки добро испасирајте ги и ставете ги во еден калап, потоа оставете ја смесата да се олади 30 минути. Потоа додадете ги пченкарните снегулки. Оставете да се олади кашата на собна температура преку ноќ, и понудете му ја на бебето за доручек.

 

Кикирики микс

 

• 1/2 шолја путер од кикирики –без сол

• 1/3 шолја пќенкарни снегулки

• 4 лажици кокосово брашно

• 1/2 шолја јогурт

 

Изблендирајте ги сите состојки и ставете ги во чаша или во омилената шолја на вашето дете и послужете му ја за доручек.

 

Соработка со: Bebe Boom