Грчеви, честите потреби за во тоалет и ограничените позиции за спиење ја отежнуваат ноќта во текот на третото тромесечие, но со овие совети сигурно полесно ќе спиете.

 

Пред да се роди бебето, на некој му треба помош за да заспие – да, да, на трудната мајка.

 

Со честите грчеви, паузите за тоалет и ограничените позиции за спиење, се чини дека е невозможно да се наспиете во текот на третото тромесечие.

 

Еве неколку совети кои ќе ви го олеснат спиењето, а нема да му наштетите на бебето:

– Набавете голема перница, од оние кои се ставаат меѓу нозе и која се гушка. Перницата помеѓу нозете го намалува притисокот на долниот дел од телото, а вие ќе се чувствувате попријатно.

 

– Ако сакате да ги намалите честите посети во тоалетот во текот на ноќта, избегнувајте внес на течности пред спиење.

 

– Ако сакате да ги избегнете грчевите, потрудете се да не правите нагли и брзи движења со нозете. Во случај сепак да ве фати грч, немојте да го виткате стапалото така што прстите да ви надоле, туку нагоре – ќе почувствувате олеснување.

 

– Партнерот е тука за да ви помогне за време на бременоста, па немојте да го штедите и побарајте масажа на стапала.

 

Стручњаците советуваат спиење на страна а еве и зашто.

 

Спиење на десна страна

 

Лежењето на десна страна е многу подобро од лежење на грб или стомак, но не е подобро од лежење на левата страна. Тоа е поради тоа што лежењето на десната страна прави притисок на црниот дроб, што повеќето лекари би ви советувале да избегнувате да го правите.

 

Спиење на лева страна

 

Докторите и бабиците препорачуваат спиење на лева страна. Оваа позиција ја спречува матката да прави притисок врз црниот дроб, а дозволува бебето да прими соодветна количина на хранливи материи и кислород низ плацентата. Всушност, не само што оваа положба не го органичува протокот на крвта, туку и ја подобрува циркулацијата што значи дека телото повеќе не мора да се мачи за да обезбеди оптимален проток на крв за вас и бебето.

 

Студијата спроведена во Нов Зеланд утврдува дека спиењето на левата страна за време на бременоста исто така може да го намали ризикот од предвремено породување.

 

Сепак, не постои начин да го спречите движењето во сон, така да не треба да се грижите околу тоа. Потрудете се да заспиете на лева страна и поголемиот дел од ноќта да го минете на таа страна, а доколку се разбудите на десна, едноставно повторно свртете се.

 

Кога сте уморни и кога ви е неудобно, може да биде фрустрирачки тоа што цела ноќ морате да лежите на една иста страна, што доведува до тоа потешко да заспиете. За да го избегнете тоа, пробајте да се опуштите пред заминувањето во кревет. Најдобро би било да направите купка или испијте топол чај како би се релаксирале и опуштите.

 

Одличен избор на квалитетни перници за трудници има во Енци Менци продавниците.

 

Соработка со: Bebe Boom