Кувар за бебе: Домашна каша од крушки и ориз

Понудете го своето бебе (постаро од четри месеци) со вкусен и здрав оброк!

Потребни намирници:


Една крушка

Две лажици ориз

Начин на подготовка:


Во малку вода сварете ги двете лажици ориз, од прилика околу десет минути.

А во меѓувреме, излупете ја и исчистете ја крушката, па потоа исечете ја на мали парчиња.

Потоа ставете ја крушката во оризот, поклопете го садот и оставете да се готви уште 5 до 7 минути. По потреба додавајте вода, но немојте премногу, така што на крајот од готвењето оризот треба скоро се да апсорбира. На овој начин се задржауваат хранливите материи од крушката и сите завршуваат во кашата.

На крајот сето тоа убаво изблендирајте го.

Рецептот е превземен од книгата “Куварскиот дневник на бебето Марта”, прирачник за воведување на цврста храна.