СОС ОД СИРЕЊЕ
Овој вкусен намаз е богат со калциум, па се препорачува за деца постари од една година. Еве како се приготвува:
СОСТОЈКИ:
• 30 гр путер
• 30 гр брашно
• 250 мл адаптирано или мајчино млеко
• 50 мл меко бело сирење („фета“)
Приготвување:
1. Растопете го путерот на тивок оган, па додадете го брашното. Мешајте додека не изчезнат грутчињата.
2. Полека додавајте го млекото и постојано мешајте. Зголемете ја температурата да зоврие и веднаш намалете.
3. Додајте го сирењето и мешајте додека не се изедначи.
Како се употребува?
1. Можете да го прелиете на варени тестенини и да го послужите како главно јадење.
2. Неколку сварени цветчиња карфиол и брокула прелијте ги со сосот од сирење, посипете ги со презла и запечете ги.
3. Искористете го како прелив за варено или за динстано месо.
4. Овој сос е исклучително богат со калциум и со здрави масни киселини.

Соработка со: Bebe Boom