Англиски палачинки

Начин на подготвување

Ставете ги брашното и солта во еден сад. Додадете млеко, вода, јајце и путер и направете хомогена смеса. Оставете ја да одстои 15 минути.

Намачкајте ја тавата во која ќе ги правите палачинките со путер и загрејте ја на средна температура. Ставете доволно од смесата за да ја покриете тавата, но во потенок слој. Печете додека не порумени палачинката од едната страна, па свртете ја со тенок нож (или превртете ја во воздух, доколку сте храбри) за да се пече и од другата страна. Повторете ја истата постапка додека не ја потрошите целата смеса. Завиткајте ги палачинките во хартија за да се впие вишокот маснотија и за да останат топли. Секоја палачинка наросете ја со шеќер и попрскајте ја со лимонов сок. Свиткајте ги во ролна и доколку сакате потурете ги со карамел сируп. Послужете ги веднаш.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство