Епидермисот е надворешниот слој на кожата кој се регенерира континуирано и претставува бариера против навлегувањето на туѓите материи како што се бактерии, загадувачи, кал, прашина итн.
Во првите месеци од животот, кожата е уште е прилично тенка, со дебелина што е околу половина од таа на возрасните и е покриена со заштитен слој, наречен "vernix caseosa", која исчезнува веднаш по раѓањето, бидејќи ја завршува својата функција, која е да се заштити кожата од мацерација предизвикана од амнионската течност во матката.