Product was successfully added to your shopping cart.

Добитник на наградата за иновации

Објавено | 16.11.2018

Chicco Baby Hug 4 in 1 добитник на наградата за иновации

Chicco Baby Hug 4 in 1 доаѓа на врвот на натпреварот за иновации, во категорија " Светот на детски мебел". Оваа престижна награда се доделува секоја година на саемот " Kind + Jugend" во Келн, лидер во светот на бебиња и деца.

Октомври 2018- Baby Hug 4 in 1, повеќенаменско решение од Chicco- бренд кој е специјализиран за сите аспекти во светот на децата и бебињата- ја освои наградата за иновации во категоријата на бебешки мебел.

Baby Hug 4 in 1 е иновативно мултифункционално решение кое едноставно се конвертира во четири различни конфигурации, овозможувајќи Ви да го следите растот на Вашето дете од раѓање до 36 месеци: се преобразува од удобно креветче до практично закосена лулка за нова перспектива во светот, во удобно столче за хранење за првите оброци на бебето и конечно во прво столче на масата заедно со возрасните.

Baby Hug 4 in 1 е првиот Chicco производ создаден преку проект на "колективна интелигенција". Првите вклучени луѓе во проектот беа самите мајки. Chicco ги слушаше и директно ги набљудуваше мајките и нивните деца, идентификувајќи ја специфичната потреба во врска со одгледувањето на децата дома во текот на денот: можноста да им бидат во близина во секое време, во сите домашни услови и различни ситуации, за поголемо спокојство и одржување контакт со очи, во секое време.

Chicco работеше во соработка со Desall.com, платформа за дизајн на отворени иновации, за да развие решение во врска со оваа потреба. Desall понуди пристап кој овозможи Chicco да вклучи многу широка група корисници, со профили кои се разликуваат многу во однос на искуствата, културата и професијата, вклучувајќи ги и дизајнерите, архитекти, инженери и творци. Над 100 проекти беа примени од повеќе од 90 учесници низ целиот свет. Меѓу нив беше и почетниот концепт за Baby Hug 4 во 1.

Baby Hug 4 in 1 е првиот производ на Chicco од овај тип, а наградата за иновации го потврди овој нов пристап. Директното набљудување на мајките овозможи развој на производ со одлични карактеристики од различни перспективи, поставување на потребите и барањата на родителите и децата во центарот на развојот на дизајнот.

ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Baby Hug 4 in 1, ексклузивно решение дизајнирано за ракување со секојдневната рутина на најпрактичен можен начин. Во краток преглед: практичност, разновидност и дизајн во еден производ, кој секогаш го следи растот на бебето од раѓање до 36 месеци.

Baby Hug 4 in 1 е иновативно и стилско мултифункционално решение кое лесно може да се трансформира во неколку различни конфигурации: удобно креветчето за првите бебешки преспивавања , практично подигната лулка за нова перспектива во светот, удобно столче за хранење за првите оброци на бебето и конечно во прво столче на масата кога ќе биде поголемо.

Со 4 ротирачки тркала и систем за регулирање на висината, Baby Hug 4 in 1 е идеално решение за деца и родители во различни периоди од денот, во секоја соба во куќата. Baby Hug 4 in 1 може да се накоси во три различни положби, а секоја конфигурација може да се прилагоди до совршената висина користејќи практична педала поставена на долниот дел од основата. Ова им овозможува на родителите да го одржуваат контактот со бебето во секое време, без дополнителен напор.

Овој производ, исто така, доаѓа со електронска играчка, кој може да се прилагоди на три позиции и да го забавува Вашето бебе, стимулирајќи ја неговата љубопитност. На играчката има светла, музика (6 приспивни песни и 6 забавни мелодии) и три меки висечки играчки.

Baby Hug 4 in 1, Baby Hug 4 in 1, достапен во една боја, се продава во продавниците на Chicco и Енци Менци (www.encimenci.com.mk)

Chicco

Брендот е посветена на сите аспекти од светот на бебињата и децата нуди широк спектар на специфични и безбедни решенија кои ги придружуваат родителите во текот на уникатното и извонредно патување во текот на растот на нивните деца, секој ден од раѓањето. Повеќе од 60 години, Chicco може да се најде "Каде што е Вашето бебе": преку обемната работа што ја спроведува Центарот за истражување на бебињата, заедно со постојан дијалог со родителите, набљудување на децата и континуираната соработка со експерти и специјалисти во медицинско- научниот свет, Chicco секогаш стои покрај родителите и семејствата, ги слуша нивните потреби и обезбедува едноставни, но ефикасни решенија. Chicco е еден од првите 10 италијански брендови за широка потрошувачка во светот. Присустен во повеќе од 120 земји, компанијата постојано расте.

За цена на производот кликни тука

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози