Product was successfully added to your shopping cart.

Ново во продавниците на Енци Менци... Natural Sensation посебна козметичка линија од Chicco

Објавено | 02.10.2017

БЕБЕШКАТА КОЖА Е ОСЕТЛИВА И ДЕЛИКАТНА, ПРИРОДНА...

Развојот на кожата започнува уште во првиот месец од бременоста и продолжува во текот на првата година од животот на бебето.

УНИКАТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Кога бебето ќе се роди, неговата кожа е кревка и деликатна. Постојат три разлики во споредба со кожата кај возрасните.

1. ПОТЕНКА

Кожата е потенка па оттука и поранлива и три пати поосетлива на различни надворешни субстанци отколку кај возрасните.

2. СУВА

Кожата произведува помала количина на липиди и механизмот за регулација на балансот на вода не е доволно развиен, што ја прави кожата сува и дехидрирана.

3. ЛЕСНО ИРИТИРАЧКА

При раѓање pH киселоста кај новороденчето е помала и помалку ефикасна против можни иритации.


ПРИРОДНА ЗАШТИТА ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА.


Во тект на последниот квартал од бременоста кожата е заштитена од “vernix caseosa”, тенок беложолтеникав слој од вода, восоци и масни субстанци со заштитна функција. Оваа природна заштита се лупи во текот на првите денови од животот.

СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА БЕБЕШКАТА КОЖА

Chicco Natural Sensation е нова линија создадена да го следи целиот процес на природен развој на бебешката кожа, како кога е во стомакот на мајката.

Сите формули се инспирирани од составот на varnix caseosa, природна заштита во текот на бременоста, за да ја чисти, и заштитува бебешката кожа, содржејќи го само она што е потребно.

ЗОШТО ДА СЕ ОДБЕРЕ

ПРИРОДНИ АКТИВНИ СВОЈСТВА

Одбрани заради нивните специфични својства, со висок токсиколошки безбедносен профил.

ВИСОКА ТОЛЕРАНЦИЈА

Тестирано под медицински надзор од познати независни институти, утврдена е нивната подносливост и ефикасност со позитивни резултати.

БЕЗ ПАРАБЕН И ПЕНОКСИЕТАНОЛ

Сите формули се екстра нежни, создадени почитувајќи ја бебешката деликатна кожа.

Одобрено од страна на дерматолози и педијатри. Идеални за употреба од самото раѓање.

* Клинички тестирано под медицински надзор на 60 бебиња во 4 недели, три производи – маслена купка, лосион за тело и крема со цинк.

Достапните производи можете да ги погледнете тука

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози