Product was successfully added to your shopping cart.

ЛЕТО... сонце, море... комарци!

Објавено | 07.6.2017

ЛЕТО... сонце, море... комарци!

Нема сомнеж, летото е најдобар дел од годината. Сонцето прави да се чувствуваме најдобро и сакаме да поминуваме најмногу време на отворено.

Но, секоја година, летото исто така значи и комарци! Промените на климата и покачувањето на влажноста во воздухот го направија проблемот со комарците да биде поголем во повеќе делови од светот. Додавајќи го на тоа и фактот дека посебно агресивните видови на комарци се позастапени (како на пример тигрестиот комарец) кој, за разлика од другите комарци каса главно и дење и може да се задржи и на поладно време.

Новата линија против комарци... природна заштита за вашето бебе.

За жал децата се незаштитени и заради тоа тие се често омилена мета на комарците. Нивната кожа е исто така многу нежна и затоа е важно да ги заштитиме користејќи безбедни и природни производи. Новата линија Chicco природни стредства против комарци направена е специјално за бебиња и деца како резултат на долгото искуство и грижа за нив. Производната линија е комплетна, безбедна и ефективна, за да ја заштити нежната бебешка кожа од комарците и од другите каснувања од инсекти за време на летниот период.

Заштитени 4 пати повеќе

Природна заштита

Повеќето производи на пазарот содржат активни состојќи со хемиско потекло. Повеќето од нив содржат lcaridin и Diethyltoluamide (DEET) кои не се препорачуваат, дури ни во мали дози, за деца помали од две години.

Активните состојки во новата Chicco линија против комарци е со природно потекло (Citrodiol), екстракт од посебен вид Еукалиптус (Eucalyptus Maculata Citrodiora) од Австралија. Citrodiol е нашироко препознатлив по неговите одлични својства за одбивање на инсекти. Неговите активни состојки се едни од најсигурните и најефикасни во светот.

Деликатна и нежна заштита

Сите производи од новата Chicco линија против комарци се дерматолошки тестирани, на тој начин тие се безбедни и одговараат на најнежната кожа. Без алкохол, бои и парабени, Chicco производите се посебно прилагодени за детската кожа (од 3 месечна возраст), за бремени жени и генерално за сите кои што имаат посебно нежна кожа.

Дневна и ноќна заштита

Ексклузивната формула на Chicco линија против комарци, дејствува ефикасно преку ноќ и преку ден, обезбедувајќи одлична заштита против најголем број видови на комарци, вклучувајќи го и лошиот и иритирачки АЗИСКИ ТИГРЕСТ комарец (Aedes Albopictus), чиј број е зголемен во повеќе делови од светот.

Долготрајна заштита

Ефектот на Chicco производите против комарци трае подолго од повеќето природни препарати на пазарот. Со едно нанесување ќе ја заштитите бебешката кожа до три часа. Кога е потребна подолга заштита, производот може да се нанесе повторно.

Ултразвучни апаратчиња против комарци

Функционираат користејќи ултразвучна технологија, која што е непријатна за комарците но непредизвикува несакани ефекти на луѓето. Бидејќи се целосно еколошки не е потребно проветрување на просторијата по употреба.

- Делува без хемиски супстанци за заштита од комарци

- Не испушта чад или мириси

- Тивко работење: не му пречи на вашето дете

Производите Chicco Zanza No можете да ги најдете во продавниците на Енци Менци, поголемите маркети, во сите подобро снабдени аптеки и продавници за детска опрема.... или на нашата интернет страна.

Енци Менци Дел од Вашето Семејство.

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози