Повеќето родители во овој период веќе се подготвуваат за патување со своето дете, особено доколку е мало и воопшто не му годат летните жештини. Поради тоа, следниве совети ќе ви бидат од голема корист, доколку имате дилеми околу превозот, изборот на дестинација и многу други отворени прашања пред поаѓање на пат.

Кога можете да го водите бебето на патување?

Одговорот е едноставен: Откако ќе поминат првите 2 месеца, кога бебето ќе почне добро да напредува во неговата тежина и нема здравствени проблеми-тогаш може да иде на патување. Но, претходно треба да задоволите некои важни услови.

– Првенствено мора да имате адекватно превозно средство – најдобро е авион, климатизиран автомобил или луксузна соба за спиење, доколку патувате со воз.

– Дестинацијата која сте ја одбрале за патување, треба да ги има сите потребни хигиенски услови, но и услуги од педијатар, кои би можеле да ги искористите доколку е потребно за да го прегледа вашето бебе.

– Местото на кое ќе бидете треба да има добро опремена аптека во која ќе можете да ги пронајдете сите потребни лекови (сепак не би можеле да понесете се со вас при летовање).

– Одберете дестинација од која ќе можете реалтивно брзо и лесно да се вратите дома, доколку (не дај боже) детето се разболе од некоја посериозна болест, за која треба соодветно лекување.

– Бидете во контакт со вашиот педијатар кој би можел да ве советува во случај на евентуални проблеми.

Каде е најдобро да летувате со бебе?

И море и планина се добар избор. Иако е не лесно да го вклопите во домашниот буџет, сепак одберете она што вам најмногу ви се допаѓа. За бебето е добро и патувањето на море и патувањето на планина. Обично, летно време е подобро на море, а зимно на планина, но можете да ги искомбинирате и двете варијанти. Детето многу лесно ќе се вклопи, без грижа!

Дали е безбедно да патувате со автомобил?

Нема сомневање дека авионот е најбрзо и најсигурно средство за патување до местото кое сте го одбрале за одмор. Меѓутоа, доколку вашиот избор е автомобил, тогаш би требало да водите сметка за одредени важни работи, за да му биде пријатно патувањето на бебето.

– Седиште за кола

Сите поголеми произведувачи на бебешка опрема произведуваат и седиште за бебе, а веќе и поновите модели имаат и свои понуди за квалитетни бебешки седишта кои идеално се вклопуваат во предвидениот фабрички простор.

Седиштето треба да биде анатомски обложено, и обавезно треба да имаат сигурносни појаси.

– Клима

Доколку немате клима уред во автомобилот, потребно е да се заштитите себеси и децата од топлината за време на патувањето. Доколку сте ноќни птици, појдете на пат навечер, за да приситгнете на местото пред да започнат жештините. За децата е најдобро да патуваат ноќе, но повеќето возачи не сакаат да патуваат кога е мрак. Тогаш, треба да кренете во раните утрински часови, па барем дел од патувањето да го поминете во ладовина.

– Прозори

Прозорите треба да бидат само малку “подотворени“, за да обезбедите циркулација на свеж воздух. Воопшто не е здраво да правите подолга промаја која само на изглед ви одговара.

– Заштитници за стакла

На задните странични стакла треба да ставите добри заштитиници од сонце за стакла, кои значително го намалуваат продирањето на УВ зраците. Постојат и слични завеси наменети за задното стакло кои се доволно провидни за возачите, а сепак прават солидна ладовина за децата.

– Течности

Кога идете на пат, потребно е со себе да понесете доволно течности (сокови и обична вода) и лесно сварлива храна. Овошјето е исто така пожелно (банани, јаболка), но не треба да претерувате, бидејќи од многу овошје може да го “протерате“ стомакот.

– Паузи

Потребно е да правите паузи на секои 150-200 изминати километри, ако е возможно и почесто, доколку децата тоа го бараат. Секогаш застанувајте на пауза, доколку се забележат некои здравствени маки. Ладовината, доволното количество на вода и 10 минути на релаксација ќе ви дојдат многу добро за да можете да го продолжите патувањето.

– Можни проблеми

Доколку детето поврати во кола, веднаш треба да застанете, и направете подолга пауза пред да продолжите со патувањето. За полесно да го поднесе возењето, идеално е еден саат пред поаѓање да му дадете лесен оброк, и да избегнувате обилна и тешка храна. Секогаш, пред почетокот на патувањето, на задното седиште ставете чиста простирка (чаршав или фротирка) од природен материјал кој може лесно да се замени доколку се извалка.

Соработка со: Bebe Boom