Никнувањето и растењето на забите претставува важен настан за родителите, но и за педијатрите кои го пратат развојот на детето. Првите запчиња кај детето се нарекуваат млечни (примарни) заби и нивниот број и редослед на никнување е добар показател за здравјето на детето. Пореметувањето во исхраната, неадекватната исхрана, рахитис, недостаток на хормони на растот или хормони на тироидната жлезда можат да бидат причинители за каснењето во никнувањето на млечните и сталните (секундарните) заби.

Од пракса е познато дека никнувањето на забите кај одделни деца можи да биди доста болно и трауматично искуство. Од медицински аспект се смета дека таквиот процес поминува нормално и без тешкотии, но педијатрите секојдневно се соочуваат со многубројни тегоби кои го прата растот на млечните заби. Тука првенствено се мисли на повишена температура, вознемиреност, несоница, слаб апетит, пролив, болки во ушите, па дури и конвулзија. Најверојатно во тој процес се менува имунолошкиот статус, па детето е подлежно на различни агенси кои го напаѓаат.

Но не треба да се загрижуваме, бидејќи природните процеси се и самоограничуваат природно, па затоа и не треба да се прави нешто што не е во склад со природата. Детето треба да внесува течна, кашеста храна, сируп против болки и температура, гелови и спрејови кои можат локално да ја намалат болката и отокот и болката на гингвата. Децата имаат потреба и нешто да гризат, глодаат, па и тоа треба да им се овозможи. Покрај се, нивното чудно однесување и илзивот на гнрв треба трпеливо да се поднесуваат.

МЛЕЧНИ ЗАБИ

ГОРНА ВИЛИЦА

ДОЛНА ВИЛИЦА

Централни секачи

6-8 месеци

5-7 месеци

Латерални секачи

8-11 месеци

7-10 месеци

Очњак

16-20 месеци

16-20 месеци

Први катници

10-18 месеци

10-16 месеци

Втори катници

20-30 месеци

20-30 месеци

СОВЕТ НА ХОМЕОПАТИ:

Никнувањето на забите кај децата ја опишува добро познатата слика на хомеопатскиот лек Camomilla ( течна зеленкаста столица, неподносливи болки, луто однесување, топла, леплива пот. Детето не сака ни да го гледаат, не дозволува да го допираат, вришти, не поднесува ништо и никого. Бара да биди кренато во раце, па веднаш да биди спуштено, бара играчка, па веднаш ја фрла). Зависно од лепезата на симптоми, кои преовладуваат и сликата на плачлино и тажно дете, можи да се дадат и хомеопатските лекови : Pulsatilla, Calcium carb, Aconitum nap. , Podophyllum, Cina...