Што е хомеопатија? Медицинска наука и филозофија која постои повеќе од два века, а чии корени датираат од лекари од Стара Грција. Основач е германскиот лекар Самуел Ханеман (1755-1843).

ОСНОВНИ ЗАКОНИ НА ХОМЕОПАТИЈАТА: нека сличното се лечи со слично. Лекот кој кај здрави личности предизвикува симптоми, кај болните ги лечи истите симптоми (закон на сличности). Лековите се даваат во нематеријални дози, т.е. Се разредуваат и потенцираат, така да носителот на лековитото дејство е енергијата. Се дава само еден лек, во најмала доза и се прати реакцијата на организмот. Во хомеопатијата можеме да го пратиме и текот на излекување ( што не е случај во класичната медицина) врз основа на симптомите кои организмот ги дава ( се враќаат старите симптоми, болеста се поместува спрема помалку важните органи итн).

Хомеопатијата ги поттикнува нашите одбрамбени механизми да почнат да работат подобро заради чување на нашето здравје. Преведено на јазик на денешниот човек, хомеопатијата е наука која ги согледува во целина симптомите на една личност при лечење, т.е. Хомеопатот ќе ги земе во предвид сите ваши тегоби, без разлика од која природа се ( кардиолошки, хирушки, ревматолошки, инфективни, очни, психијатриски итн). Хомеопатот врз основа на исцрпниот разговор ( само разговор) пронаоѓа лек за секоја личност поединечно. Лекот во тој момент „припаѓа" само на таа личност и не би помогнал на друга личност со слични тешкотии БИДЕЈЌИ ТОА СЕ ДВЕ ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНИ ПРИРОДИ.

КАКВА Е ПРИРОДАТА НА ЛЕКОВИТЕ? Лековите се добиваат од природата. Се што се наоѓа во природата може да лечи и да биди лек. Лековите се од билно, минерално и животинско потекло. Тоа се сосема нештетни супстанции, можат без предрасуди да се даваат на новороденчиња и притоа се даваат во минимална доза, најчесто и само една. Лековите се испитуваат на здрави личности (што не е случај во класичната медицина) и се произведуваат по точно утврдени правила усте од времето на Ханеман. Лековите се битно поевтини од класичните лекови, а тоа е една од причините зошто фармацевтската индустрија не сака подем на хомеопатијата.

РАСПРОСТРАНЕТОСТ НА ХОМЕОПАТСКИОТ НАЧИН НА ЛЕЧЕЊЕ:

Во повеќето европски земји (Англија, Франција, Германија, Русија, Италија, Грција), како и во Јужна Америка, Индија и др, тоа е медицинска наука која напоредно и рамноправно се применува со класичната медицина. Според нашите закони за здравствена заштита од 2006 год., хомеопатијата е еднаква со класичната медицина.

ПРЕДНОСТИ НА ХОМЕОПАТИЈАТА:

Тоа е индивидуален, нештетен, комфорен и евтин начин на лечење.

Многу добри резултати се постигнати во лечењето на деца.

Во повеќето случаи се дава само една доза од лекот, а во акутни случаи и повеќе дози, дури не настани подобрување. Тогаш се прекинува земањето на хомеопатскиот лек, бидејќи организмот е поттикнат и да ги употреби своите совршени механизми за зачувување на здравјето. Хомеопатскиот лек може да направи значаен пресврт во нечиј живот, болест, што не може со сигурност да се каже за вообичаените начини на лекување.

Секој хомеопат внимателно ке Ве сослуша, ќе ја прегледа Вашата медицинска документација, ќе го обработи Вашиот случај и ке даде лек само за Вас.

РАЗМИСЛЕТЕ И ВИЕ, ДАЛИ ХОМЕОПАТИЈАТА БИ МОЖЕЛА ДА БИДЕ И ВАШ НАЧИН НА ЛЕКУВАЊЕ???