Тоа е често заболување во детска возраст. Од неа најчесто заболуваат децата во првите две години од животот. Во неразвиените земји заболуваат голем број на деца во текот на целата година. Доаѓаме до заклучок дека детето има дијареја ако има изненадно голем број на столици ( повеќе од 3), кои се со помала конзистенција, т.е. Воденести и покрај кои детето има се осеќа непријатно и има болки во стомакот. За акутна дијареја се смета ако трае помалку од две недели. Најчесто е предизвикана од инфективни агенси, како и други состојби ( грешки во исхраната, психолошка состојба) можат да доведат до акутна дијареја. И некои животни ситуации можат да го потикнат настанувањето на болеста, како на пример престој во болница, лечење со антибиотици, патувања, користење на базени.

Голем проблем во нашата земја претставува употребата на нечиста вода за пиење, неадекватна канализациона инфраструктура, лоша лична хигиена и хигиена при спроведување храна за деца и хигиена на приборот, чување на храната на собна температура. И многу важно место завзема воведувањето на вештачкаѕа исхрана.

Најчести причини за акутната дијареја се вируси (околу 90%), поретко бактерии, габи, паразити.

Различни механизми во цревата предизвикуваат брз премин на храната низ цревата, а со самото тоа и намалување на апсорпцијата и искористувањето на состојките од храната, како и зголемено лачење на вода и електролити, што доведува до зачестени столици пратени со болки во стомакот. Покрај тоа може да се манифестира и покачена температура, гадење, повраќање и дехидрирање. Поретко може да се појави и значително оштетување и на другите системи во организмот. Столиците можат да бидат кашести, воденести, со или без примеси на крв. Заради губитокот на електролити може да се јават различни степени на дехидрирање ( губење на течности), понекогаш и криза на свеста, а ако дијарејата трае подолго и неухранетост.

Секогаш прво се проценува губитокот на течности, степенот на дехидрирање и тоа со преглед на детето. Го набљудуваме детето, состојбата на неговата свест, активност, живост, неговото дишење, пулс, состојба на кожата- тургор ( ослабен), изглед на очите ( воспаление, отсуство на солзи при плачење), изглед на видливата слузница на устата и јазикот ( суво обложување на јазикот), преглед на фонтанелите, ако се отворени ( вовлечени), ја мериме телесната температура, телесната маса, прашуваме за мокрењето.

Ако ја знаеме претходната телесна маса, лесно ќе го израчунаме губитокот, но секој губиток поголем од 3% е знак на дехидрирање кој може да биде благ (А), умерен (Б) и тежок (Ц) и спрема тоа е и понатамошното лечење.

Некои мерки на лечење можат да се преземат и од страна на самите родители пред доаѓањето кај лекарот, во домашни услови, а во најтешки случаи детето мора да се упати во болница каде ќе прима соодветна терапија.

Кај свесни дечиња, родителите сами можат да ја започнат постапката за рехидратација со орални раствори кои всушност се се раствори од шеќер и сол (Na и K) и кои можат да се набават во секоја аптека, во слободна продажба. Овие раствори кои се добиваат со растворување на прашак од оригинално купените кесички во одредено количество вода ( како што е означено на секое паковање) може да се лечат и преку 95% од заболените деца.

Доколку се нема можност да се набави овој раствор може слободно да се користи чиста, варена и оладена вода. Во полесни и средни облици на дехидратација доволно е дасе даде 50 до 100 мл течности по кг. на телесна маса на детето за 4 саати, при што се продолжува по потреба. Со тоа се корегира и губењето на течности по секоја течна столица.

На детето треба да му се овозможи храна која ќе му одговара (супа, бујони, пире, со месо, зеленчук, печено јаболко, дунка, банана..) итн. Да му се овозможи храна која ја сака, прилагодена према возраста, калорична и по можностите на фамилијата. Ако бебето е на доење, доењето не смее да се прекине. И по две недели по болеста треба дае додаде во исхраната по еден додатен оброк. Лековите кои ја предизвикуваат дијареата може да ги препише само доктор, на основа на антибиогрма, по прегледот на столицата и тоа во строго пропишани случаи. Некритична употреба на антибиотици може да доведе до подолжено клицоносителство ( подолго време додколки се задржува и се излачува во организмот), па се советува никогаш оваа терапија да не се внесува самоиницијативно. Покрај тоа во понуда се и различни препарати така наречени антидијарици, кои во педијатријата не се препорачуваат. Може да се препорача употреба на пробиотици ( „добри бактерии", кои се напоѓаат во нашите црева) кои ќе ја населат цревниот епител и така оневозможуваат предизвикувачите на болеста да ја продожат.

Кај децата кои покрај пролив и повраќаат треба да се проба и со орален рехидрационен раствор пополека, на 5 минути, со лажиче и треба де биде упорен во тоа. Ако и покрај тоа детето повраќа потребно е да се одведе на доктор кој ќе му препише терапија за надокнадување на течности по венски пат. Децата кои се во тешка состојба хитно се упатуваат на болница.

СОВЕТ НА ХОМЕОПАТИТЕ: Со хомеопатска терапија може успешно да се лечи акутна дијареа и знатно да се скрати времетраењто на болеста, а во зависност од симптомите се дава терапијата. Но успешна рехидратација е незаменлива во оваа болест, без разлика кој пат сте го избрале за лечење на детето.