Во текот на бременоста ќе бидете изненадени од сите непријатности кои се дел од неа како ненадејните проблеми со бешиката, ,,тркачката патека,, под стомакот, гради доволно големи за да ја превземат должноста на Хималаите како најголеми планински врвови…….

И како ова да не е доволно недостигаат уште и навредливите, интимните и непријатните коментари од вашите пријатели, колеги, тотални странци кои се инспирација за оваа листа:

“Изгледаш многу уморно” (во превод: Изгледаш ужасно!)

“Бременоста е планирана” (!?)

“Дали може да го допрам твојот стомак?” (Да, да како да ќе побараат дозвола за да го сторат тоа!)

“Сигурна си дека не носиш близнаци”

“Од денес па до крајот на твојот живот си на должност”

“Уживај во последните месеци потоа доаѓа вашето бебе и тоа е крај на вашата слобода, спиење…”

“Уште колку? Се чини дека си бремена засекогаш!”

“Навистина не треба да пиеш премногу кофеин, да вежбаш, да седиш во топла бања….” ( Откако ќе дознаат дека си бремена секој е ЕКСПЕРТ).

“Не се плашиш од породувањето? Јас колку бев исплашена, умирав од болки……”(Хорор приказните задржете ги за себе)

“Твојот стомак е многу мал/голем!”

Наместо овие за неа вознемирувачки коментари, дајте и поддршка, пофалете го нејзиниот изглед, ова сигурно ќе и значи многу ако таа не изгледа најдобро, честитајте и, дајте и до знаење дека верувате во нејзините мајчински инстикти дека ќе биде добра мајка и најважно избегнувајте ги непромислените коментари бидејќи во текот на бременоста жените се посебно чувствителни и раздразливи и тие можат да ги навредат и повредат идните мајки.

Соработка со: Bebe Boom