Product was successfully added to your shopping cart.

Гаранции и рекламации

Гаранции за квалитетот

Енци Менци гарантира за квалитетот на своите производи. Сите производи се оригинални стокови марки и одговараат на спецификацијата наведена на сајтот. Во случај на одстапување од наведената спецификација или дефект се обврзуваме да ви го замениме производот, а сите трошкови врзани за замената паѓаат на товар на Енци Менци. Потребно е производот да го вратите во оригиналното пакување заедно со сметката. Гаранцијата не важи во случај на оштетување како последица на несоодветно користење.

При превзимање на пратката ве молиме во присуство на курирот визуелно да го проверите секој пакет. Доколку има видливи оштетувања како скинати делови или нагмечувања, пратката не би требало да ја превземете. Доколку пратката сте ја примиле и по отворање на кутијата заклучивте:

  • Дека добивте производ кој не сте го порачале а се наоѓа на сметката
  • Дека добивте производ кој не сте го порачале а не се наоѓа на сметката
  • Дека не добивте производ кој сте го порачале а се наоѓа на сметката
  • Дека добивте производ на кој му истекол рокот на употреба
  • Дека добивте производ кој е оштетен
  • Дека добивте производ кој не работи
  • Дека добивте производ

Имате обврска да не известите по email за неправилноста на пратката во рок од 24 часа од приемот. Во таков случај проблемот ќе го решиме во ваша корист во најкус можен рок.

Оштетена Роба

Кога робата е оштетена се обврзуваме да ви го замениме производот, а сите трошкови за замената се на терет на Енци Менци. Потребно е производот да го вратите во оригинално пакување заедно со фискалната сметка. Доколку дефектот настанал како последица на несоодветна употреба нема да бидеме во можност да ја прифатиме рекламацијата.

Роба со гарантен лист

Доколку по одредено време користениот производ престане со работа во гарантен рок, ве молиме да го контактирате сервисот чии контакти можете да ги најдете на гарантниот лист. Ве молиме чувајте ги сметката и гаранцијата се додека трае гарантниот период затоа што без нив нема да можете да ги остварите условите од гаранцијата. Гаранцијата не важи во случај на дефект настанат како последица на несоодветно ракување.

Доколку сакате да употребите жалба на некој производ, а не е ниедна од веќе набројаните, ве молиме да не контактирате по email. Енци Менци во најкраток можен рок, и во рамка на законска постапка, ќе ви го поправи расипаниот производ, замени за нов или врати парите.

Facebook Twitter Instagram YouTube
Бесплатна испорака Прво купување Советувалиште Каталози